Речиси секој барем еднаш има пробано или правено бисквитна торта, која важи за лесен, брз и вкусен рецепт. Но, денес ви претставуваме рецепт за нејзината подобрена верзија, на која ретко кој може да одолее и тоа благодарение на неверојатниот фил!

Бисквитна торта со рајско вкусен фил

Речиси секој барем еднаш има пробано или правено бисквитна торта, која важи за лесен, брз и вкусен рецепт. Но, денес ви претставуваме рецепт за нејзината подобрена верзија, на која ретко кој може да одолее и тоа благодарение на неверојатниот фил!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: бисквити, торта со бисквити, бисквитна торта
Порции: 4

Состојки

  • 2 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 2 супени лажици брашно
  • 2 шолји пресно млеко
  • 1 супена лажица какао во прав
  • 100 гр путер
  • 1 конзерва варено кондензирано млеко
  • 500-600 гр слатки бисквити

Начин на подготовка

  • Налејте го млекото во тенџере и поставете го на оган да се вари. Во длабок сад изматете ги јајцата, додадете го и шеќерот и изматете до добивање соединета смеса. Исипете ги брашното и какаото и повторно добро измешајте ги состојките. Постепено налејте 1 шолја млеко (на собна температура).
  • Добро изматете ја смесата за да нема грутки. Потоа исипете ја смесата со јајцата и брашното во врелото млеко и непрекинато мешајте. Додека мешате, оставете го кремот да зоврие, а потоа отстранете го од оганот. Префрлете ја смесата во друг сад и веднаш додадете го кондензираното млеко.
  • Измешајте до добивање нежна мазна смеса и додадете го омекнатиот путер. Добро измешајте за путерот целосно да се раствори. Филот за тортата е готов!
  • Со слој од филот премачкајте го дното на садот за тортата и започнете да редите, ред бисквити, ред фил. Последниот слој треба да биде филот, а одозгора за декорација нанесете бисквитни трошки. Оставете ја тортата да отстои неколку часа, пред сервирање.