Истражувањата покажуваат дека една од пет жени кои станале мајки, страда од постпородилна депресија, проблем кој го разнишува менталното здравје. А сега оваа мајка која поминала низ истото, сака да ја крене свеста на останатите.

Постпородилната депресија е психичко растројство кое се јавува после породувањето на мајката, се карактеризира со симптоми на дисфорично до депресивно расположение, пропратено со пореметување на сонот, апетитот, психомоторен немир, умор, чуство на вина и суицидални мисли.

Но, и покрај големата распространетост на оваа појава кај многу мајки, се уште постои стигмата околу истата и многу од мајките се плашат да побараат помош или да признаат дека се соочуваат со ваква депресија.

Затоа Хана Вилкинсон сака со нејзината приказна еднаш засекогаш да ги сруши ѕидовите кои општеството ги наметнало за јавното зборување на оваа тема.

По долга борба од неколку спонтани абортуси, пред 15 месеци,  Хана го родила своето прво дете, Финли. Првично, моментите на станување мајка и средбата со нејзинот син биле многу радосни.

Но, радоста не траела долго пред анксиозноста да и се вовлече под кожа на младата мајка и го загрозила идиличниот живот на Хана со семејството.

Кога бев бремена со Финли, моите најголеми стравови е после неговото раѓање, да не развијам постпородилна депересија вели Хана за Metro.co

Во текот на нејзината бременост, нејзината мината болка и неизвесноста низ која поминала во текот на спонтаните абортуси, повторно се вратиле во форма на нов страв дека овој пат исто така ќе го изгуби своето дете.

Бев преплавена од страв дека ќе го изгубам Финли. Но, мислев откако ќе се роди, анксиозноста ќе помине, бидејќи тогаш ќе можам да го направам безбеден, да го гушнам и да го чувам изјавила Хана, потенцирајќи дека депресијата да влече корени уште пред да се роди нејзиното дете.

Хана била пресреќна кога нејзиниот син дошол на свет, а во нејзиниот ум немало простор за анксиозноста. Првите три месеци после породувањето биле идилични, но веќе во четвртиот месец се почнало да се влошува.

“Започнав да бидам опседната со безбедноста и здравјето на моето дете. Веќе не бев среќа. И покрај се што правев за Финли, едноставно бев убедена дека тој ќе умре. Ќе сонував кошмари како за последен пат го бакнував неговиот ковчег.”– вели Хана за грозоморните визии што ги имала и претчувствувала, “благодарение” на постпородилната депресија.

После многуте ситуации на страв и паника, како при обичното влегување во автомобил или едноставната прошетка, Хана сфатила дека нешто воопшто не е во ред со неа, но најпрво се срамела да побара помош.

“Мојата ситуација се влошуваше, но не сакав да споделам со никој бидејќи мислев ќе ме наречат луда.”-изјавила Хана, која додава дека стигмата околу оваа појава првично ја спречила да се обрати на лекар.

Но, кога конечно споделила со пријателите, тие ја советувале да побара професионална помош и Хана конечно видела светлина од крајот на тунелот. Набрзо после средбата со пријателите, се обратила до здравствен работник, кој и помогнал да излезе од бездната.

На Хана и биле дадени бројни совети, како и препорака да практикува бихевијорална терпаија т.е терапија која им помага на анксиозните луѓе да го смират и контролираат нивното однесување и размислување.