Рецептот е можеби еден од најлесните што ќе го сретнете од турската кујна, притоа потребните состојки не се толку скапи и скоро секој може да си ги дозволи.

Првпат ова извонредно јадење го пробав кога бев на гости кај едни пријатели во Истанбул, а бидејќи јадењето беше толку вкусно, ги замолив да ми го дадат рецептот, кој сега го споделувам со вас

Најубавото и најлесно турско пиде

Потребни состојки

  • 1 пакетче сув квасец
  • 2-3 прстофати шеќер
  • 2 шолји ладно пресно млеко
  • Брашно, онолку колку што ќе поприми млекото
  • Малку путер
  • Малку сол
  • Кашкавал во количина по ваша желба

Начин на подготовка

Во млекото додадете и измешајте го квасецот и путерот, а потоа додадете го и брашното и солта. Замесете го тестото и оставете го да отстои. За половина час тоа би требало да биде готово.

Во тестото додадете малку масло и кашкавал, исецкан на парчиња и потоа, оформете топка од тестото. Во средината од истото, направете мала вдлабнатина.

По 20-тина минути испечете го пидето. Тоа ќе биде готово, кога ќе се вцрвени како и при подготовката на пица.

Турското пиде со кашкавал е највкусно кога ќе се консумира веднаш по неговото печење, односно топло. По ваша желба, може да го сервирате со малку павлака.