Иако многумина сметаат дека приготвувањето на домашен леб е сложен процес, денес ви претставуваме рецепт со кој ќе се уверите дека печењето на крцкав и ароматичен леб и не е воопшто тешко!

Бел леб

Иако многумина сметаат дека приготвувањето на домашен леб е сложен процес, денес ви претставуваме рецепт со кој ќе се уверите дека печењето на крцкав и ароматичен леб и не е воопшто тешко!
Вкупно време2 ч
Оброк: закуска
Кујна: италијанска
Клучни зборови: леб, домашен леб, бел леб
Порции: 4

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 80 мл зејтин
  • 1 кафена лажица сол
  • 25 гр свеж квасец
  • 1 шолја топла вода

Начин на подготовка

  • Растворете го квасецот во топла вода. Пресејте го брашното во голем сад, исипете ја солта, додадете го зејтинот, а потоа и растворениот квасец.
  • Започнете да ги мешате состојките прво со лажица, а откако тестото ќе се згусне, преместете го на работната површина и со рака, оформете топка од истото.
  • Штом ќе добиете мазна топка, покријте го тестото иоставете го на топло место да отстои 1 час.
  • По 1 час, повторно лесно замесете го тестото и истотообликувајте го во правоаголна форма, повторно со раце.
  • Следно, одозгора направете неколку засеци со остар нож и оставете го тестото да отстои 10-15 минути.
  • Печете 10 минути, на температура од 170°C. Откако тестото добро ќе се крене нагоре, зголемете ја температурата на 180°C и печете уште 30 минути.