„Еден ден си дојдов дома и ја најдов мајка ми како плаче во кујната. Таа штом ме здогледа, се насмевна, но потоа повторно започна да плаче. Малку подоцна, започнаа и да се расправаат со татко ми.“…

Во продолжение прочитајте ја искрената емотивна исповед на една ќерка, која раскажува како брачната криза на нејзините родители го погодила целото семејство.

Тестот не лажеше- Голем тест го очекуваше целото семејство…

Родителите не ни размислуваа да имаат друго дете. Едноставно имаше премногу проблеми. Мама отвори мал семеен бизнис, а татко ми започна да има проблеми си алкохолот. Така започнаа да поминуваат што помалку време со нас.

Тоа траеше извесно време. Односно, сè додека мама не успеа да заработи доволно пари за одмор на море.

Паметам колку само бевме среќни. И така…Море, топлина, Сонце, плажа…Како сите наши проблеми да исчезнаа. Сестра ми и јас се забавуваме бувкално секоја минута. Сè беше прекрасно!

Игравме, пеевме, танцувавме. Таа морска среќа се одрази и на нашите родители. И тие изгледаа помлади, започнаа да се забавуваат, повторно да се држат за раце. Повторно станавме семејство.

Еден месец по враќањето од одморот, ја видов мајка ми да плаче. Сама. Во кујната. На прашањето, што се случило, таа се обидуваше на секој начин да ја сокрие причината од мене. Но, штом си дојде и татко ми, веднаш се скараа. Причината? Бременоста на мајка ми.

Јас тогаш имав 10 години. Имав претстава што е бременост, а дури знаев дека за тоа постојат и специјални тестови. Таков тест најдов во ормарот на мајка ми- 2 црти. И тогаш повторно започнаа сите вечни расправии, конфликти, татко ми беше бесен, мајка ми беше очајна, а баба ми повторно го покажа своето вистинско злобно лице.

Подоцна дознав дека ја убедувале мајка ми да направи абортус, но таа не се согласила. „Нема да го сторам тоа!“- рекла таа.

Започнаа тешки денови во домот. Бескрајни расправии, скандали. Тоа не влијаеше само врз мајка ми, туку и врз нас. Сите го чувствуваме лошиот семеен однос.

Едно утро ситуацијата стана јасна дека нешто не е во ред. Цело време владееше лоша атмосфера.

Не можевме да сфатиме што се случува. Што се случи, при што сè  повеќе соседи започнаа да доаѓаат дома кај нас. А јас и сестра ми започнавме да ја мразиме нашата баба, која исто така не ја сокриваше омразата кон нас.

Во еден момент мајка ми се затвори во бањата и таму седеше подолого време. Кога излезе со солзи со очите, веднаш дотрчав до неа, за да й кажам да не се грижи и дека јас секогаш ќе бидат со неа, ќе ја поддржувам. Й реков дека јас навистина сакам да имам братче или сестричка и дека ќе й помагам исто како тогаш кога се роди мојата помала сестра, Марина.

Тогаш за првпат мајка ми ме погледна поинаку, гордо. Почувствував дека е навистина среќна, а јас и сестра ми станавме нејзини најдобри пријателки. И после толку години, сфаќам дека јас и сестра ми навистина тогаш станавме вистинска цврста поддршка на нашата мајка.

Но, расправиите во домот продолжуваа. Еден ден, татко ми й рече на мајка ми, дека ако таа го избере нероденото дете, нашето семејство ќе се распадне. Најверојатно тој не можеше да поднесе да има 3 деца, кои мајка ми пак, цврсто имаше решено дека ќе ги одгледува со многу љубов.

На крајот на краиштата, нивната врска и не беше толку добра. А откако мајка ми одлучи да го задржи бебето, и баба ми и дедо ми престанаа да разговараат со својата снаа. Понекогаш на мене и на сестра ми ни праќаа подароци, но со мајка ми не разговараа ниту по телефон.

Пријателките на мајка ми исто така не се согласуваа со нејзината одлука, особено бидејќи мајка ми беше таа која раководеше со семејниот бизнис. Но, мајка ми беше одлучна. Таа на никој не се жалеше, секогаш ја преземаше сета одговорност, секогаш сè правеше сама, сама пренесуваше тешки работи. И денес не разбирам од каде ја наоѓаше таа челична сила и волја. Секогаш беше достоинствена!

Татко ми пак, започна да пие повеќе од претходно и ретко си доаѓаше дома. Започнаа да многу помалку да комуницираат со мајка ми. Беше навистина тежок период за нашето семејство.

Јас се трудев да се грижам најмногу што можам за помалата сестра и да й помагам на мајка ми околу домот. А мајка ми, таа беше неверојатна. Заработуваше пари за семејството и секогаш беше позитивна, ниту во еден момент се немаше пожалено.

И така дојде големиот ден. Се роди мојот прекрасен брат!

Доцна во ноќта ме разбуди мајка ми, ми шепна дека наскоро ќе дојдат по неа, ќе оди во болница, а потоа ќе се вратат со моето братче. Ми даде неколку важни инструкции за следниот ден, како да се справам во домот, ме бакна на чело и замина.

Сестра ми и јас ја поминавме целата ноќ будни. Се молевме сè да биде во ред со мајка ни и бебето. А тогаш дојде и татко ми. Дознал дека мајка ми веќе се породува и веднаш се јави на некој и праша дали мајка ми веќе се породила или не. Веќе во следниот момент, тој се расплака, а нам ништо не ни беше јасно. Го известиле дека добил здраво момче.

И ние се израдувавме премногу. Нашиот најмал брат беше светлината која му беше потребна на нашиот дом. Сите ние се трудевме со сите сили, заеднички да го одгледаме. Заедно со нашиот брат дојде и среќата и мирот во домот.

Сега тој е омиленото 17-годишно момче на сите нас. Тој е надежта која го одржа бракот на моите родители. Поради него, ја надминаа ужасната криза и не се разделија.“