Група на  козметички ентузијасти користејќи го своето знаење докажуваат колку еден производ е корисен, штетен или пак, беспотребен. Во прилог прочитајте повеќе за нивната оригинална идеја.

Козметичката индустрија денес се смета за една од најмоќните, а воедно во изминатите неколку години тренд е нејзината соработка со бројни ѕвезди, кои за милионски земени сум пак, на купувачите им се заколнуваат дека производите навистина имаат ‘магични’ својства.

Некои производи се одлични, но некои треба да ги избегнуваме. А како да знаеме кој е правилниот избор?

Еден од начините е да го заследиме Инстаграм профилот на ‘Beauty by the geeks’ или да ја следиме нивната страница. Станува збор за блогери ‘бубалици’, како што и самите се нарекуваат, а се дипломирани хемичари, фармацевти, биолози кои одлучиле да стават крај на лагите што произлегуваат од козметичката индустрија и брендовите. Нивната цел е да докажат и да им покажат на следбениците дека најчесто производите кои се во тренд или се неверојатно скапи се само уште еден трик на маркетинг компаниите за купувачот да го излажат преку убавиот изглед на производот или неговата висока цена.