Доколку некогаш сте пробале баварски крем, тогаш најверојатно сè уште се сеќавате на неговиот вкус. Чудесниот крем е едноставно неверојатно вкусен!

Може да го консумирате во неговата оригинална форма или пак, истиот одлично може да ви послужи како фил во бројни десерти.

Иако оригиналиот рецепт е малку покалоричен, за денес ни ви подготвивме поздрава, но подеднакво неодолова варијанта со истиот вкус, за да можат феноменалниот крем да го консумираат и дамите кои моментално држат диета.

Баварски крем

Потребни состојки

  • 0.5 л млеко
  • Шеќер по ваш вкус (Може да го замените со друг засладувач)
  • 3 жолчки
  • 300 мл павлака (Може да ја замените со кисело млеко)
  • 4 супени лажици вода
  • 1 кафена лажица екстракт од ванила
  • Желатин

Начин на подготовка

Измешајте ги жолчките со шеќерот и поставете ја смесата да се приготвува на тивок оган.

Исто на тивок оган, се додава и млекото во жолчките и шеќерот и се вари дополнителни 10 минути, со постојано промешување. По 10 минути, отстранете го садот од оганот.

Измешајте ја павлаката или киселото млеко со екстрактот од ванила.

Пригответе го желатинот, следејќи го упатството на неговата амбалажа. Откако ќе биде готов истиот, додадете го во смесата од млекото и јајцата, добро измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да се лади на собна температура.

Потоа, додадете ја и павлката во смесата, повторно добро измешајте ги состојките и складирајте го садот со смесата во ладилникот.

На овој десерт можат да му се насладат сите, од децата до возрасните.

Пријатен апетит!