Повеќето од нас имаат убави сеќавања за времето поминато со баба и дедо. Тие секогаш биле таму за да ја споделат со нас нивната мудрост, прегратки, бакнежи. Тие ни раскажуваа приказни од нивниот живот, и никогаш нема да го заборавиме тоа. Задоволство е да се сфати дека, комуникацијата со внуците, за бабите и дедовците, исто така, носи големи бенефиции.

Според ова истражување, бабите и дедовците кои се грижат за своите внуци имаат 37% помал ризик од смрт отколку нивните врсници, кои не се оптоварени со такви должности. Во текот на студијата, научниците следеле податоци за здравствената состојба на повеќе од 500 лица на возраст од 70 години и постари кои учествувале во Берлинската студија за стареење. Учесниците биле интервјуирани и проверувани на секои 2 години во период од 19 години.

Резултатите покажаа дека околу 50% од учесниците кои се грижеле за своите внуците биле живи 10 години по првиот тест. Додека 50% од постарите луѓе кои не се грижеле за никој починале во рок од 5 години по почетокот на студијата.

„Оваа студија го покажува односот помеѓу грижата за некој и очекуваниот животен век на постарите луѓе. Но зошто се случува ова, можеме само да претпоставиме.“, вели еден од научниците, д-р Дејвид Кол. Можеби причината лежи во нашето минато, кога „помагањето во грижата за децата бил клучот за опстанокот на човечката раса“.

Всушност, внуците, исто така, имаат корист од поминување на времето со постари роднини. Студиите на Универзитетот Оксфорд покажуваат дека бабите и дедовците играат важна улога во благосостојбата на нивните внуци. Освен тоа, децата чии баби и дедовци активно учествувале во нивното воспитување имале помалку емоционални проблеми и проблеми во однесувањето.