Во текот на зимата, вообичаено ја занемаруваме кожата на стапалата, поконкретно петите, бидејќи си мислиме дека никој не ги гледа под чорапите. Но, испуканите пети не се само козметички проблем.

Тие се и доста непријатна здравствена состојба, која може да предизвика неудбоност при чекорењето. Токму за оваа цел, денес ви откриваме како лесно и на природен начин да му кажете збогум на овој проблем.

Бабински крем против испукани пети

Потребни состојки

  • Восок
  • Зејтин или кокосово масло

Начин на подготовка и употреба

Во соодветен сад, додадете 2 кафени лажици зејтин или кокосово масло и парче восок. Поставете го садот на водена пареа и мешајте, додека состојките целосно се растопат.

Оставете ја добиената смеса да се излади, а потоа нанесете мало количество од истата врз кожата на вашите стапала. Се препорачува домашниот крем да се нанесува секоја вечер пред спиење и секогаш да се нанесува на чиста кожа.