Во текот на есенскиот и зимскиот период, повеќето од нас се склони да настинат и да се разболат, а најголемата заедничка карактеристика на сезонските настинки и грип е токму непријатната кашлица. Денес ви го претставуваме најефикасното природно средство за истата.

Бабин рецепт против кашлица

Потребни состојки

  • 1 л пресно млеко
  • 1 глава кромид
  • 2 супени лажици мед
  • 2 супени лажици масло
  • Прстофат сода бикарбона

Начин на подготовка и употреба

Излупете го кромидот и исечете го на 4 парчиња. Поставете го кромидот да се вари заедно со млекото, маслото и содата за 5 минути. Откако смесата ќе се излади, додадете го медот. Консумирајте го домашниот лек топол. Се препорачува да се пие во мали дози, неколку пати на ден или по потреба.