Доколку обожавате зелка во тегла, притоа претпочитате истата да е крцкава, наместо мека, тогаш денес ви ја откриваме тајната како истата да ја приготвите!

Станува збор за бабин метод, со кој зелката останува сочна, свежа и неверојатно крцква дури до летниот период и еве како точно да ја приготвите.

Зелка во тегли по бабин метод

(Количеството на зелка во рецептот е големо и затоа треба дозата да ја приготвите според вашите потреби, т.е на вашето семејство)

Потребни состојки

  • 24 кг свежа зелка
  • 4 кг моркови

За маринада

За 1 литар вода:

  • 1 супена лажица шеќер
  • 2 супени лажици сол

(1 литар маринада е доволна за 2 кг зелка)

Начин на подготовка

Најпрво пригответе ја зелката. Исечете ја секоја зелка на 4 парчиња, а потоа темелно исчистете и отстранете ги тврдите делови од истите. Исечете ја зелката на тенки парчиња или за таа цел, употребете ренде.

Во длабоко тенџере, добро измешајте ги со рака зелката и морковите (кои исто така претходно треба да бидат изрендани). Најдобро е да ја додадете зелката на двапати, притоа со дрвен чук, добро да ја истолчите истата во тенџерето, за да истата омекне.

Повторете ја постапката и за преостанатото количество зелка.

Следно, пригответе ја маринадата, при што ќе го додадете потребното количество на сол и шеќер во длабоко тенџере, а потоа додадете го и соодветното количество на вода и добро измешајте ги сите состојки заедно, додека да се растворат солта и шеќерот.

Готовата маринадата додадете ја при зелката, така што на секои 2 кг зелка, додадете 1 литар маринада.

За да зелката целосно биде потопена во мариндата, потребно е одозгора да додадете тежина врз истата, односно поставете прво дрвена даска, а потоа врз истата поставете соодветен тежок предмет, како на пример, камен.

Затворете го тенџерето со капак и оставете така смесата да отстои 3 дена. На 3-от ден ќе забележите по површината ќе забележите меуричиња од водата, а тоа е знак дека зелката започнала да се маринира правилно.

Сега извадете ја зелката и складирајте ја во неколку садови, притоа оставете ја да отстои неколку часа (по можност, цела ноќ). Следно утро добро складирајте ја во тегли и затворете ги теглите со капаци.

Поставете ги теглите на ладно место, а може едноставно тоа да биде и на балкон.