Во 15-годишното истражување, наречено „90+“, група на лекари предводени од неврологот Клавдија Кавас и докторот по медицински науки, Марија Корада, ги набљудуваа возрасните луѓе со цел да дознаат што е клучно за долг живот.

Односно, овие научници и експерти преку долгогодишното истражување се обидоа да дознаат каков начин на живот, какви секојдневни навики и какви навики во исхраната може да доведат до тоа да имаме долг животен век. Резултатите се навистина неочекувани!

Алкохолот се покажа каков вистински еликсир за долгиот животен век, доколку, се подразбира, се консумира умерено. Само 2 чаши пиво или вино дневно го намалуваат ризикот од смрт за 18%.

Покрај алкохолот, дури уште поизненадувачки фактор е се неколкуте килограми плус. Ризикот од смрт пред да наполнат 90 години е за 70% помал кај луѓето на 70-годишната возраст кои имаат неколку килограми плус, за разлика од нивните врсници кои ги немаат истите.

Кафето се смета за втор еликсир на долгиот животен век. Две шолји на ден од ароматичниот напиток го намалуваат ризикот од смрт за 10%.

И на крај, хоби: Луѓето кои имаат било какво хоби и за истото одделуваат 2 часа дневно, имаат за 21% поголеми шанси за подолг живот од останатите.