Прекрасната и обожавана од милиони луѓе, актерката Софија Вергара вчера го прослави својот роденден, а специјалниот повод го прослави во нејзин стил т.е отпатува на егзотична дестинација, од каде на своите фанови им испраќаше фотографии.

Фотографијата со која таа најмногу ја воодушеви својата публика, беше кадар при кој Софија е облечена во бел костим за капење, кој на нејзиното тело му прилега неверојатно совршено!

За само кратко време, фотографијата доби над 320.000 допаѓања. Инспирирана од поддршката и бројните позитивни коментари што ги доби на нејзина сметка за беспрекорната фигура, Софија своите обожаватели ги почести и со втора фотографија.

Во второто издание, славната ѕвезда беше облечена во леопардски костим за капење, од италијанската модна куќа, Долче и Габана.

Ниту овој пат, воодушевувањата не изостанаа, а Софија доби над половина милион допаѓања за фотографијата.

На овој начин, популарната актерка покажа зошто и на 47-годишна возраст, таа нема конкуренција!