Здравиот брак не е подарок, туку наш сопствен избор и напорна работа создадена од самите нас. Секој има проблеми и недоразбирања во својата врска. Понекогаш чувствуваме дека полесно е да се откажеме.

Иако тоа може да биде вистина, сепак одредени парови едноставно е потребно да поминат низ неколку фази. Доколку наместо крај, изберете да се борите за она што го сакате, резултатот може да биде вреден колку злато.

Почитувајќи ја традицијата за брак, денес ви откривме низ кои тешки фази е можно да поминат паровите, додека чекорат на патот до вистнската хармонија:

1. Критика

Не секој може да поднесе критика, но кога е критиката е премногу директна и асоцира на напаѓање, тогаш може да настане огромен проблем, особено помеѓу партнерите.

Д-р Џон Готман пишува во својата книга „Четирите коњаници на апокалипсата“, кога го критикувате брачниот другар, се обидувате да кажете дека има лошо кај него. Користењето зборови како „секогаш“ или „никогаш“ не водат до позитивен резултат. Најверојатно вашиот партнер ќе започне да се брани.

Лекот е да директно да дадете некоја забелешка во врска со вашиот партнер, но да не ја директно напаѓате неговата личност

2. Давање отпор и градење ѕид меѓу партнерите

Повеќето од вас веројатно доживеале момент кога нашиот партнер започнал да гради ѕид и не сакал да разговара или да реши одредеб проблем. Во такви момент, добивате впечаток дека на вашиот партнер не му е грижа за вас и дека намерно ве игнорира.

Д-р Готман вели дека 80% од мажите се такви. Изгледа како да не им е грижа, но всушност, се грижи многу. Важно е да научите како да ги идентификувате знаците во таквите моменти, кога вашиот сопружник станува емоционално презаситен и да не го притискате.

Доколку треба да се разговара за проблемот, секогаш е подобро да го одберете вистинското време кога сте посмирени.

3. Привлечност кон некој друг

Ова можеби не е лесно за соочување, но 70% од жените во врските признаваат дека имаат симпатии и се привлечени кон трета личност. Привлечноста е нормално чувство и не значи дека партнерот ќе ве изневери.

Важно е да не се раковопдите по овие краткотрајна чувства и да бидете потполно свесни за тоа што го правите. Не се затворајте пред партнерот само затоа што сте збунети во моментот. Може да има многу искушенија во вашиот живот, но довербата е една од највредните работи во една врска.

4. Спротивставување

Конфликтот доаѓа од морална супериорност. Може да биде сарказам, превртување на очи и непријателски хумор, а тоа се работи кои секогаш се деструктивни за една врска.

Треба да научите како да изразите благодарност и дека го цените вашиот партнер. Тоа е како огледало. Колку повеќе позитивно се чувствувате, толку помалку ќе чувствувате презир.

Тешко е да се работи на себе, но вреди. Вашиот партнер треба да го почувствува, види и слушне вашето изразување на љубов.

4. Експлозивност

Деца, финансиска криза, токсични членови на семејството и сите тие нешта заедно можат да доведат до моменти на лудило и така лесно да се дојде до емотивна експлозија. Фазата во која само сакате да заминете далеку, може да се случи во секое време во врската.

Никогаш не заборавајте дека предизвиците се дел од нашиот живот и дека сето тоа е привремено. Ако можете да справире со најтешките времиња заедно, вашата врска ќе расте. Бракот не е само за споделување радост и среќа, туку и за споделување проблеми.

5. Прифаќање и простување

Ова е фаза кога конечно го разбираме фактот веќе проблемите ќе ги решавате на нов начин и дека мора да пронајдете помирен начин за заеднички жвот. Секој има свои начини: некои разговараат со блиски пријатели и семејство, други читаат книги за самопомош.

Во оваа фаза, сопружниците се подготвени да си простат едни на друг за нивната тврдоглавост. Прифаќањето на доброто со лошото нè носи на ново ниво. На крајот од оваа фаза, паровите многу поретко се расправаат.

6. Конечно заедно

Откако ќе ги надминете сите фази, напорната работа и болката, добивате вистински скапоцен камен. Повеќе не се измачувате еден со друг, имате свои договори со партнерот и учите како да решавате проблеми и да не бегате од предизвиците.

Сега заедно ја пишувате вашата приказна. Во оваа фаза, разбирате дека бракот не бил лесен, но вие можете да бидете горди на себе. Благодарноста е многу важна. Тоа ве прави да се чувствувате сигурно во врска со вашиот партнер. Сега конечно сте заедно.

Која фаза мислите дека е најопасна за врските? Дали вие со вашиот партнер сте се соочиле со некои од овие фази?