Оваа едноставна диета се практикува само 3 дена, во кои би можеле да ослабнете најмногу 5 килограми. За време на диетата се консумираат варени компири и се пие кисело млеко со ниска масленост.

Нишестето од компирите заедно со млечната киселина го заситуваат организамот, а притоа обезбедуваат минимален внес на калории.

Режим на исхрана

Ден 1

Појадок: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко

Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко

Вечера: 2 шолји кисело млеко

Ден 2

Појадок: 1 шолја кисело млеко

Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко

Вечера: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко

Ден 3

Појадок: 1 варен компир без сол

Ручек: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко

Вечера: 1 шолја кисело млеко