При изборот на хотел, прво нешто што сите гледаат е дали собите се удобни, каков е погледот, каде е локацијата и сл. Но, сите овие работи паѓаат во вода кога станува за овој хотел.

Бидејќи овој хотел не е како останатите, туку хотел кој на своите гости им доделува бесплатни Шанел и Витон чанти. Едноставно, кој не би сакал да престојува тука?

Станува збор за „СЛС Саут Бич“ хотелот, сместен во Мајами, Флорида, кој штотуку во својата понуда на услуги го додаде и изнајмувањето на бесплатни чанти од најлуксузните модни куќи, француските брендови Луј Витон и Шанел.

Во соработка со Виврел, компанија во вид на виртуелен клуб при кој со членство имате пристап до бројни луксузни парчиња, хотелот одлучи преку оваа онлај услуга на своите гости да го обезбеди најубавиот и најнезаборавниот престој.

Хотелот за оваа своја уникатна услуга на гостите нема да им наплаќа.

„СЛС Саут Бич е неверојатен избор на луксузен одмор. А Виврел е совршениот додаток на хотелот.“- изјави Блејк Гефен, основачот на Виврел.

Така, доколку некогаш сте во можност за посета на Мајами, еве идеја каде удобно и лускузно да се сместите.