„Ако во Рајот нема кучиња, тогаш кога ќе умрам, сакам да одам таму каде што заминале тие“, вака познатиот американски актер Вил Роџерс еднаш ја опиша својата поврзаност со овие нежни, несебични животни. И не е тешко сите да се поврземе со нив на овој начин. Сепак, кучињата не се само нашите најдобри придружници и лојални пријатели, туку, исто така, тие се најстарите заштитници кои ќе сторат сé што е во нивна можност за да нѐ заштитат од било каква опасност.

4-годишното куче по име Фло, кое работи како „спасувач“ на планините во Англија ќе ви ги стопли срцата со неговите способности. Станува збор за посебна вежба за овие кучиња, кои се од огромна помош кога ќе дојде до некоја снежна несреќа на планините за време на зимскиот период. Погледнете го Фло во акција.