Оваа жена докажува дека, дури и ако човек е на работ на смртта, доколку одлучи да ги преземе животот и работите во своите раце, може да си даде себеси нова шанса за живот. Во продолжение прочитајте ја нејзината приказна.

51-годишната Мила Кларк целиот свој живот живее во Тенеси, САД. Таа отсекогаш ја обожавала храната, но дозволила ова нејзино задоволство да резултира со огромен број на наталожени килограми, при што во еден момент жената тежела неверојатни 340 килограми.

Поради нејзината прекумерена телесна тежина, Мила била принудена последните 3 години од нејзиниот живот да ги помине лежејќи во кревет, бидејќи едноставно не можела воопшто да се движи. Но, откако поради оваа попреченост Мила не можеше да присуствува на погребот на нејзиниот сопруг, кој ненадејно почина, таа донесе одлука дека е крајно време да престане да се прејадува и да ја преземе работата во свои раце.

Мила се приклучи кон популарната американска емисија за слабеење „Мојот живот од 300 кг“, каде по првата фаза Мила успеа да ослабне 50 килограми благодарение на правилната исхрана. Потоа лекарите отстранија дел од наталожените масни наслаги по пат на операција, со цел Мила да може да станува од кревет.

По неколку опрерации, симнати килограми и отстранет вишокот на кожа, процес кој траеше 3 години, Мила денес тежи 70 килограми и таа е цврсто убедена дека веќе никогаш нема да дозволи храната да го уништи нејзиниот живот.