Стапалата ја носата нашата цела телесна тежина кога стоиме и ни помагаат да стасаме онаму каде што сме тргнале. Поради ова, болка во стапалата е честа појава. Болката во стапалата се однесува на каква било болка или непријатност во еден или повеќе делови на стапалото.

Најчести причини за болка во стапалата и нивни симптоми

Причини за болка во стапалата

Симптоми

Болката може да биде во внатрешната страна на стапалото, надворешната страна на стапалото, во централниот дел од стапалото, во петите, во или меѓу прстите потпетиците, глуждовите или тетивите на стапалото. Болката може да биде многу болна, со чувство на печење, воспаление, зголемена чувствителност или остра болка, во зависност од причината.

Причини поради начин на животен стил

  • Неудобни чевли
  • Носење чевли со висока потпетица
  • Интензивен тренинг и вежби: Трчање и интензивен аеробик

Чести медицински причини

  • Артритис
  • Дијабетес мелитус
  • Калуси
  • Брадавици
  • Враснати нокти
  • Лекови кои предизвикуваат оток на стапалата
  • Неврома на Мортон: Здебелување околу нервното ткиво помеѓу прстите во близина на прстите на стапалото
  • Атлетско стапало
  • Деформитет/ пета на Хаглунд: Претставува зголемување на задниот дел на коската на петата
  • Периферна артериска болест (PAD)
  • Плантарна фасција
  • Гихт: Особено влијае на палецот на ногата во близина на топката на стапалото
  • Прекумерена телесна тежина
  • Бременост
  • Повреда, фрактура на стапалото

Како да третирате болка во стапалата во домашни услови

Домашен лек за болка во стапалата

Опциите за домашен третман ќе се разликуваат во зависност од болката што ја чувствувате и нејзината причина. Сепак, следењето на овие совети може да помогне во олеснување на истата:

  • Нанесете мраз на засегнатата област.
  • Користете влошки за стапала за да спречите триење на погодената област кога носите чевли.
  • Кренете ја ногата што предизвикува болка.
  • Одмарајте ја болната нога и болното стапало колку што е можно повеќе.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за болка во стапалата

Многу луѓе кои редовно доживуваат болка во стапалата се свесни за тоа што ја предизвикува и најчесто веќе го знаат најдобриот начин да се справат со нивната болка. Сепак, непходно е да посетите  лекар што е можно побрзо во следниве ситуации:

  • Болката во стапалото се појавува одеднаш и е силна.
  • Болката во стапалото се должи на неодамнешната повреда.
  • По повредата, вашата нога и стапало не може да издржи било каква тежина.
  • Имате медицинска состојба што го засега протокот на крв и чувствувате болка во стапалото.
  • Во областа што ви предизвикува болка има отворена рана.
  • Областа што ви предизвикува болка е црвена или има други симптоми на воспаление.
  • Покрај болка во стапалата имате и треска.