Еден зависник од кокаин, чијашто зависноста од дрогата го направи да се чувствува „безвреден“ и притоа поради истата се обиде да се самоубие, сега раскажува како како го искористи карантинот поради пандемијата со коронавирусот за да ја победи зависноста.

24-годишниот Џонатон Меклеод од Мадервел, Шкотска, започнал да го користи кокаин на 15 години и редовно земал дрога кога излегувал со неговите пријатели во пабови и на фудбалски натпревари.

Иако првично се навлекол на адреналинот што дрогата му го давала, Џонатон призна дека „бргу“ влетал во депресија, а потоа неретко се будел плачејќи со помислата дека „не заслужува да биде жив“.

Откако неуспешно се обиди да си го одзеде животот, ова лето Џонатон одлучи да побара професионална помош, присуствувајќи на  состаноците на „Кокаин Анонимус“ и започна програма со 12 чекори за да ја победи својата зависност.

Тој неодамна одбележа 90 дена откако е „чист “ и ја сподели својата приказна на Твитер, при што ги повикува другите луѓе кои се наоѓаат во ситуација слична на неговата, да побараат помош. Џонатон открива дека  неговата неговата зависност од кокаин го правела да се чувствува вознемирен и параноичен, како и „преполн со вина“ за тоа како се однесува кон неговата партнерка, семејството и пријателите.

„Не ми беше важно кој е во мојот живот или што имам во истиот, не можев да застанам, иако сакав. Понекогаш плачев среде ноќта или воопшто не спиев. Се обидов да се потпрам на сопствената волја да се извлечам, но секогаш ќе се вратев на дрогата. Плачев дури и додека го ставав кокаинот во носот.“- објаснува тој.

Бил и на раб да си го одзеде сопствениот живот, но кога ја погледнал фотографијата од неговата девојка во паричникот, одлучил да не се самоубие. Токму тој момент бил пресуден Џонатон да одлучи дека е време да ја врати контролата над сопствениот живот.

Тој сега е на 10-от од 12-те чекор од програмата и им благодари на семејството, пријателите и девојката што му помогнале во текот на целиот овој процес. Следејќи ја структурината програма, која не е лесна, но е „полесна од животот што го живееше претходно“,  Џонатон е убеден дека ќе остане на вистинскиот пат.

Тој на неговиот Твитер ги сподели фотографиите од пред и потоа за да ја покаже драстичната разлика и да ги мотивира и останатите зависниците.