Една од омилените традиции за Божиќ на многу славни личности ширум светот е токму носењето на исти пижами со останатите членови од семејството. На оваа празиччна традиција не одолеа ниту славната Селин Дион.

Славната пејачка многу ретко објавува фотографии од нејзиното семејство, но овој Божиќ ги почести своите фанови со прекрасна ретка фотографија заедно со нејзините тројца синови, Рене-Чарлс, Нелсон и Еди. Фановите се едногласни дека пејачката, како и самите момчиња изгледаат едноставно среќно и исполнето!