Повеќето од нас биле мета на измамници без разлика дали е тоа мејл од „богат арапски шеик“ кој ни бара пари на заем или реклама „кликни овде за беспалтен Ајфон“. За среќа, најчесто не паѓаме на овие очигледни замки, но една постара жена што живее во замок во Пик, област за која се вели дека е најбогатиот дел од Хонг Конг, ја снајде трагична судбина.

Жената минатото лето била контактирана од криминалци кои тврделе дека се кинески службеници за јавна безбедност, кои и рекле дека е предмет на сериозна истрага за перење пари.

Потоа и било кажано да префрли пари од нејзината сметка на сметка на истражниот тим за чување и контрола.

Во текот на пет месеци, таа префрлила повеќе од 32 милиони долари, најголемата сума евидентирана како дел од телефонска измама.

Извор од полицијата изјави: “И било кажано дека нејзиниот идентитет е искористен во сериозно кривично дело во Кина. Потоа и било предложено да префрли пари на банкарска сметка за да проверат дали тие пари се дел од нелегална акција, со ветување дека иститие ќе и бидат брзо вратени“.

Да не бил домашниот помошник на жената, кој се сомневал дека се случува нешто сомнително, измамата веројатно ќе продолжела. Полицијата уапси 19-годишен маж на 25 Март, кој оттогаш е ослободен со кауција.

Само во првиот квартал од 2021 година, телефонските измами се зголемија за 18% во споредба со истиот период минатата година.