Сите луѓе, во одреден степен од својот живот, искусиле или ќе искусат анксиозност. Но, кај некои таа остава подлабоки траги. Во прилог прочитајте како да препознаете дали вие или блиска личност страда од ова нарушување.

Анксиозноста е нормален одговор на стресните животни ситуации, како преселба, менување работно место, финансиска криза и слично.

Но, кога анксиозноста стане поголема и како резултат на овие ситуации што ја предизвикале, започне да влијае и врз убавите моменти од животот и да го нарушува секојдневието на човекот, тоа може да биде индикатор дека личност страда од анксиозно нарушување.

Препознавањето на симптомите е првиот чекор кон решавањето на проблемот, а еве 9 чести знаци како да го препознаете психолошкото нарушување кај вас, член од семејството или пак, близок пријател:

1. Претерана загриженост

Еден од честите симптоми на анксиозното нарушување е претераната загриженост, која започнува од посериозни работи и преминува и кон претерано грижење за обичните, секојдневни работи. Луѓето немаат контрола врз своите мисли, при што нарушувањетѕо им ја отежнува концентрацијата и секојдневното функционирање.

2. Се чувствувате вознемирено

Кога некој се чувствува анксиозно, дел од нивниот нервен систем започнува да се преоптеретува со работа. Испотени дланки, зголемен пулс, раце што се тресат, суви усни- Сите тие симптоми се случуваат бидејќи мозокот започнува да мисли дека е во опасност и го подготвува телото да реагира на тоа. А всушност, претераното т.е анксиозно размислување доведува до појава на неконтролиран и нерационален страв.

3. Неспокојни сте

Уште еден чест симптом на анксиозност, кој е особено изразен кај децата и тинејџерите. Кога некој се чувствува неспокоен, тој има потреба да се движи, да избега, бидејќи се чувствува неудобно. При едно истражување во кое биле вклучени 128 деца, кај 74% од нив, беспокојството и внатрешниот немир бил главниот симптом на анксиозното нарушување.

4. Умореност

Лесното заморување е уште еден во низата на препознатливи и чести симптоми дека личноста страда од анксиозно нарушување. Ова воедно можеби звучи изненадувачки, бидејќи анксиозноста често се поврзува со хиперактивност. За некои, заморот можеби е хроничен, но кај некои, по заморот следува паничен и анксиозен напад.

5. Потешкотии во концентрацијата

Многу луѓе кои страдаат од анксиозност, имаат потешкотиите при концентрирањето на важните работи. Дури 2/3 од 157 анксиозни деца вклучени во истражување за нарушувањето, го имале овој симптом. Тоа е бидејќи анксиозноста влијае и ја прекинува работата на меморијата.

6. Раздразливи сте

Повеќето луѓе кои страдаат од анксиозност, многу лесно стануваат раздраздливи и често сè околу нив ги иритира. Во истражување кое вклучило 6.000 возрасни луѓе, повеќе од 90% се соочувале со раздразливост при анксиозните моменти.

7. Притисок во мускулите

Анксиозноста не го опфаќа само нервниот, психички дел кај човекот, туку лесно може да премине и врз физичкиот. Така, појавата на притисок или чувството на затегнатост во мускулите, во поголемиот дел од времето, може да биде знак на анксиозност. Најчесто за ова експертите препрачуваат музика што ќе ве релаксира.

8. Проблеми при спиењето

Честите проблеми при спиењето, односно доколку имате потешкотии да заспиете и воопшто да спиете, тоа може да биде индикатор дека се соочувате со анксиозно нарушување. Истражување покажало дека дури 1000 деца, кои биле учесници во истото, страдале од инсоминија, која подоцна резултирала со анксиозност кога пораснале.

9. Го избегнувате социјализирањето

Најверојатно имате анксиозност доколку чувствувате претерана нервоза и вознемиреност за присуствување на некој социјален настан, загрижени сте дека останатите ќе ве осудуваат и набљудуваат, се плашите дека ќе бидете понижени и засрамени и во целост, поради овие симптоми го избегнувате социјализирањето со други луѓе.