9 видови на масажи кои ќе ви помогнат да се ослободите од болката во грбот и вратот
Сите луѓе знаат да работат повеќе од потребното и затоа сите заслужуваат квалитетно време за одмор. Овие масажи ќе ви го овозможат токму тоа, релаксирање на врвно ниво.
Воедно, вежбите претставуваат совршено решение доколку страдате од болки во грбот и вратот, при што, ќе го намалат нивниот интензитет и ќе ги ублажат.
Статистиките покажуваат дека само во САД, луѓето годишно 230 милиони пати посетуваат терапевти за масажа и 88% од нив се согласуваат дека токму масирањето било ефективно во намалување на болката, особено онаа сконцентрирана во грбот.
Во продолжение погледнете видови на масажи се одлични за решавање на таа здравствена состојба, која можеби ве попречува да имате нормално и опуштено секојдневие:
Техники како да се масирате самите себе
1. Релаксирање и ослободување на болката во рамената и вратот со клучни точки на притисок
Дали техниката е ефикасна? Практиката и истражувањата велат да. Се докажало дека акупресурата и рефлексологијата ја намалуваат болката во 9 од 10 случаи. Можете да ги масирате клучните точки кои директно се поврзани со грбот. А бидејќи постојат многу влијателни точки на целото тело, пред практикување на оваа техника, потребно е да се консултирате со специјалист. Масажата на точките може да ве опушти и да ја намали болката во грбот, вратот, па дури и целото тело.
- Практикувајте ја оваа техника кога ќе имате повеќе време и кога не сте во брзање
- Седнете или легнете во удобна положба
- Опуштете се. Дишете длабоко и притоа, затворете ги очите.
- За масирање на точките, пристиснете цврсто и длабоко врз истите и започнете со благи кружни движења нагоре и надолу.
2. Ублажете ја болката во грбот со помош на тенисико топче
Причините за појава на болка во грбот можат да бидат бројни, но во главно, тоа се должи на преоптеретеност на мускулите и лошото држење на телото. За да ја ублажите оваа болка и за да се ослободите од истата, направете си масажа, за која ќе ви бидат потребни неколку обични тениски топчиња.
- Легнете на вашиот грб, притоа свиткувајќи ги колената, а стапалата поставете ги цврсто на подот.
- Кренете ги колковите и поставете 2 тениски топчиња под вашиот грб.
- Лежете така во времетраење од 60 секунди.
Вежбата може да ја направите и позабавна, така што, можете да правите благи движења во различни насоки, за да топчињата ви помогнат со релаксирање на секој дел од грбот.
На пример, може да се движите нагоре и надолу, но бидете внимателни да не го притискате ‘рбетот со топчињата.
3. Ослободете се од болката во вратот и грбот со топла крпа
За оваа масажа, сè што ќе ви биде потребно е обична крпа. Истата загрејте ја искористете ја додека сè уште е топла. Еве што точно треба да направите:
- Земете некоја помека крпа и свиткајте ја во форма на плетенка
- Поставете ја над вашиот врат, а нејзините краеви држете ги со рацете
- Со благо притискање и триење, двежете ја крпата по линијата на вашиот врат
- Третманот може да го повторите 2 до 3 пати
4. Ублажете ја болката во горниот дел од вратот
Мускулите во горниот дел од вратот често, поради претераната физичка активност, можат да бидат преоптеретени. За да се ослободите од тензијата во тој дел, еве што треба да направите:
- Застанете исправено
- Поставете ја вашата лева рака по должината на вратот и благо притиснете на точката каде што ја чувствувате болката
- Продолжете да притискате, сè додека не почувствувате дека болката и тензијата се намалуваат. На секоја точка од делот каде ја чувствувате болката, притискајте по 30 секунди.
- Движете ја раката кон останатиот дел од вратот и бидете внимателни да не притискате премногу силно.
Масажи од терапевт
1. Шијатцу
Шијатцу е дел јапонската и кинеската медицина, а во буквален превод значи „притискање со прсти“. Оваа техника за масажа се смета за една од најпрефинетите и најкористените во античко време. Терапевтот ги користи неговите прсти, палци и дланки за да создаде и пренесе доволен притисок врз мускулните точки, при што на овој начин ги поправа внатрешните нарушувања на истите. За да ја ослободи блокираната енергија, ги користи точките на акупресурата.
2. Масажа со жешки камење
Како што самото име открива, мазни и затоплени камење се поставуваат на клучни точки од грбот и со нивната топлина, помагаат личност да се ослободи од тензијата во мускулите, со тоа што ги релаксира и измазнува. Топлината од каменот му помага на терапевтот на лесен начин да дојде до подлабоките мускулни слоеви и да ја отстрани болката.
3. Ајурведска Потли масажа
Со потекло од индиската ајурведска медицина, терапијата со Потли масажата вклучува користење на антички билки, кои помагаат за опуштање и оздравување на наздазнетите мускулни ткива. Масажата се практикува користејќи загреана количина на потли билки, измешани заедно со регенерирачко масло. Смесата нежно се нанесува и полека се притискаат точките каде што се чувствува болката. Различните видови на билки, имаат различно влијание. Но, сите заедно доведуваат до неверојатно опуштање на мускулите.
4. Тајландска Јога масажа
Повеќето од нас мислат дека оваа масажа е измислена во Тајланд. Но, вусшност истата води потекло од Индија, каде била измислена пред 2.500 години, а дури подоцна била практикувана и на Тајланд. Оваа масажа доаѓа во т.н сува форма, при која телото треба да биде облечено, наместо вообичаената гола површина. А масажата се состои во постепено протегнување на телото, користејќи паралелно и основна масажа. Техниката им помага на наздразнетите мускулни точки да се опуштат во положби инспирирани од јога вежбите, при што масажата е дел и доста подвижна.
Ако сакате да го релаксирате и ослободите целото тело од притисок, ова е идеалната масажа за вас.
5. Масирање на длабоките ткива
Овој вид на масажа најчесто се користи при повредите на мускулите кои настануваат во текот на спортувањето. Додека ја изведува оваа вежба, терапевтот се фокусира на целната група на мускули и мусклни ткива, ослободувајќи ги од хронична тензија. Со помош на дланките, рацете и лактите се добива посилен притисок и се ублажуваат појаките болки.
Важно: Овој вид на масажа треба да биде изведена само од терапевт кој е експерт во својата професија.
Бонус: Можеби ќе сакате да уживате во ефективните техники на шведскатата масажа
Шведската масажа е одлична за оние кои целиот процес на масирање и масажи им е нов и неистражен терен, а кои би сакале да го релаксираат целото свое тело. За време на оваа масажа, терапевтот користи пасивно масирање, подолги удари и длабоки кружни движења. Оваа техника го опушта целото тело, ги стимулира неврните завршетоци и ја поттикнува циркулацијата.
Важно: Пред почетокот на масажата, консултирајте се со терапевтот за да ја приспособи масажата на вашите лични потреби.