Јагодите не се бобинки и белото чоколадо не е чоколадо. Следните факти може да звучат изненадувачки, но се сосема вистинити. Науката ги класифицира прехрамбените производи малку поинаку од тоа како ние ги класифицираме во нашата кујна.

Во продолжение следува листа на видови на храна кои не се тоа што повеќето од нас мислат дека се:

1. Јагодите не се бобинки, а ниту се капините и малините

Официјално и научно бобинките се дефинираат како месести овошја произведени од плодниците (јајчниците) на еден цвет. Јагодите, малините и капините не го исполнуваат тој критериум.

2. Авокадото и бананата се бобинки

Авокадото и бананата се месести овошја произведени од плодниците на цветовите, а со тоа го исполнуваат критериумот на научната дефиниција и спаѓаат во групата на бобинки.

3. Грозјето исто така спаѓа во групата на бобинки

Зрната на грозјето се раѓаат од единечен јајчник, при што и тие се класифицираат како бобинки.

4. Шеќерната трска е трева

Иако е повисока од вообичаената трева што ја гледаме секојдневно, шеќерната трска технички се класифицира како трева.

5. Кикириките не се јаткасти плодови, тие им припаѓаат на семејството бобови

Оревите и другите јаткасти плодови растат на дрвја, додека пак, кикириките се развиваат и растат во почвата. Ботаничарите ги класифицираат кикириките како мешунки, што значи дека потекнуваат од истото семејство како гравот, леќата и грашокот.

6. Белата чоколада не е чоколада

Белото чоколадо се прави од путер од какао, цврсти млечни материи и шеќер и притоа не содржи цврсти какао материи, кои на класичната кафева чоколада й го даваат препознатливиот изглед, вкус и боја.

7. Модриот патлиџан не е зеленчук, туку овошје- технички бобинка

Иако во кујната, модриот патлиџан се третира и користи како зеленчук во разни јадења, бидејќи не го јадеме неприготвен поради неговиот благ вкус, научниците го класифицираат како овошје бидејќи внатре содржи семиња.

8. Доматите исто така се овошје

Сè што има семе внатре, научно е класифицирано како овошје. Значи, без разлика на кој начин ги консумираме и во кое јадење, доматите се биолошки класифицирани како овошје.

9. Бабурите подеднакво припаѓаат во групата на овошја

И бабурите имаат семиња внатре, што значи дека и тие како останатите плодови кои ги сметаме за зеленчуци, се всушност овошја.