Понекогаш малите работи знаат да го расипат расположението, особено ако не можеме набрзина да ги средиме или отстраниме. Во продолжение прочитајте ги решенијата за нашите најчести проблеми во секојдневието!

1. Отстранување на дамките од антилопните чевли!

За ова ќе ви треба метална жица за садови. Каде што е дамката, со грубо користење, после неколку минути ќе забележите дека ја нема. А се препорачува да ги поминете целите чевлите, заради изедначување на тонот.

2. Спречете патентот на фармерките сам да се откопчува

Ако патентот подолго време се користи, тој знае да ослабне и самиот да започне да се откопчува надолу, па за ова да го спречите нанесете безбоен лак или лак за коса на истиот

3. Отстранување на непријатната миризба од чевлите

Најчесто овој мирис го предизвикува бактерија што се наоѓа во чевлите, а за негово отстранување оставете ги надвор на воздух да се проветреат или ставете ги во пластична кеса и ставете ги во замрзнувач.

4. Отстранување на белите дамки од деодорантите

За ова искористете обични влажни марамчиња.

5. Враќање на белата снежна боја на омилениот градник

Борната киселина ќе ви помогне за ова. Измешајте 60 грама од киселината со 4 литри вода за потешки материјали, а доколку перете нешто понежно, ќе ви биде потребно 20 грама киселина во 10 литри вода. Оставете да отстои 2 часа.

6. Отстранете ги свежите дамки од боровинки

Овој трик функционира само доколку дамката е свежа. Растргнете ја убаво облеката и истурете врела вода врз дамката и таа ќе исчезне.

7. Вратете ја во оригиналната големина смалената облека

Овој метод е најпогоден за плетените работи. Додадете детски шампон или регенератор за коса во топла вода. Може да додадете и омекнувач за алишта. Потопете го смаленото парче облека  и оставете го така 30 минути.

8. Остранување изгорени дамки од пегла

Оштетените делови како резултат на пеглањето треба да се пребришаат или да се испеглаат преку одозгора нансено парче ткаенина кое претходно било навлажнето со хидроген пероксид.

9. Отстранување на маслени дамки на дланките

Маслените дамки не можат да се измијат само со сапун и вода, па затоа ви е потребен посебен хемиски продукт. Кај нас најчесто се користи Грес маст која е на база на