Можеби не е нешто најпривлечно да се направи, но има производи што може да ги искористите, дури и по истекот на рокот на траење. Од нега на кожата до готвење, овие алтернативни употреби можеби ќе ви бидат од голема помош тогаш кога најмалку очекувате.

Иако можеби мислите дека местото на расипаната храна и шминката со поминат рок припаѓа во корпата за отпадоци, во продолжение ви откриваме како всушност може истите да ги искористите за фантастични цели:

1. Авокадо

Ако сте ја пропуштиле можност да го изедете или приготвите вашето совршено зрело авокадо и сега веќе му поминал рокот, не го фрлајте – можете да го користите за вашата коса. Расипаното авокадо може да биде одличен хидратантен крем. Само добро измешајте го и нанесете го на сува коса. Оставете го да отстои најмалку 6 часа и измијте го со шампонот и регенераторот што обично ги користите.

Запомнете дека вашата коса на почетокот може да ја чувствувате сува, но откако ќе ја измиете 2 пати, таа ќе биде неверојатно сјајна и мека.

2. Лист-маска за лице

Лист-маските не се добри за употреба на лицето откако ќе им помине рокот на употрева, сепак, можете да ги користите на суви и испукани нозе, на градите, вратот или рацете.

3. Навлажнувачи и млеко за чистење

Ако имате навлажнувачки крем со истечен рок на траење или млеко за чистење, можете да ги намените за чистење и полирање на кеси и паричници. Едноставно нанесете малку на памучен туфер, од било кој од овие производи и започнете со полирање.

4. Млеко

Расипаното млеко сè уште може да се користи за многу различни намени. Можете да направите домашно сирење, да го користите за печење, па дури и за правење палачинки. Освен готвењето, можете да го користите и како маска за лице. Едноставно, нанесете го на целото лице, оставете го да отстои и исплакнете го. Мирисот можеби не е толку пријатен, но млечната киселина ќе направи чуда за вашата кожа.

5. Крема за бричење

Кремата за бричење може да се користи на различни начини откако ќе помине нејзиниот рок на употреба. Одлична е за отстранување нечистотија и маснотии затоа што буквално ги апсорбира. Но, најизненадувачката работа што може да ја направи да го исчисти делот под ноктите. Само нанесете малку крем и исчистете ги со чепкалка за заби.

6. Паста за заби

Бидејќи пастата за заби содржи детергент, може да помогне во отстранување на дамките од тепих, па дури и да ги исчисти цртежите од боички на вашите деца од ѕидовите. Покрај тоа, можете да ги избелите и исчистите патиките и екранот на телефонот. Исто така, може да помогне да се отстрани киселиот мирис од шишињата за бебиња.

7. Јогурт

Јогурот може да има големи придобивки, дури и по рокот на истекување. На почетокот, може да изгледа чудно, но може да стане одлична пилинг маска за лице. Сè што треба да направите е да го измешате јогуртот со мед и сомелена краставица, да го нанесете на лицето и да го оставите да отстои 15 минути. Потоа, едноставно измијте го лицето со топла вода.

8. Молив за очи и усни

Не е безбедно да користите шминка со истечен рок на вашите очи или усни. Сепак, не ги фрлајте затоа што можете да ги користите за да подвлечете зборови и реченици во книги како обичните моливи.

9. Путер од кикирики

Путерот од кикирики може да ви заштеди многу време кога ќе останете без крема за бричење. Тоа е одлична алтернатива затоа што е богат со масла, што ќе ја направи кожата мазна и нема да ја исуши по бричењето. Вашата кожа ќе остане супер мека.