До пред некое време луѓето не сакаа да зборуваат за ботоксот и се сметаше за табу-тема. Но, иако денес стана „главен непријател“ на брчките сѐ уште околу него има многу мистерија и митови. Благодарение на Д-р Анета Петрушевска Кокалевска, која е Специјалист Дерматовенеролог во Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“ ги дознавме најголемите митови за ботоксот кои конечно треба да ги заборавиме и да донесеме правилна одлука кога станува збор за нашата убавина и здравје.

Мит 1: Ботоксот е болна процедура?!

Ботоксот се аплицира со многу мали и претенки специјано дизајнирани инјекции во делот на лицето каде што е потребно. Нема потреба од анестезија бидејќи процедурата скоро и да нема да ја осетите.Доколку сепак сте хипер осетлива особа може да побарате апликација на крем за локална анестезија.

Мит 2: Ботокс предизвикува замрзнато лице без лицева експресија.

Меѓу мускулите на лицето постои хармонична рамнотежа. Ако премногу се вбризгува ботокс, може да се предизвика и ваков ефект. Сепак доколку лекар специјалист го прави овој третман ќе внимава да инјектирa мали дози во одредени мускули a ефектот ќе биде природно ублажување на несаканите линии и брчки без да се загрози вашиот израз на лицето.

Мит 3: Секој може да администрира ботокс.

Ботокс треба да се дава единствено од страна на искусни специјалисти , дерматолози и пластични хирурзи и секако да биде аплициран во медицинска установа.

Мит 4: Ботоксот е отров и може да биде штетен за козметички употреба.

Ботоксот не е отров. Тоа е, всушност, лекарски препишан производ. Исто така е еден од најшироко истражуваните лекови во светот и милиони пациенти го користат. Покрај тоа, производот е дозволено да се ракува само од страна на обучени специјалисти. Во микро количини, ботулински токсин тип А обезбедува добри резултати за измазнување на линиите на лицето, хиперхидроза итн. a има FDA одобрување од американската асоцијација за лекови и процедури.

Мит 5: Запирање на администрирање ботокс предизвика различен изглед од порано.

Ботокс ефектите може да траат четири до шест месеци. Кога дејството на лекот ќе исчезне, вашето лице се враќа во состојбата пред третманот.

Мит 6: Ботоксот не е за мажи.

Мажите се индивидуи со истиот број и позиција на мускули како и жени и формираат брчки на ист начин. Бројот на мажи кои аплицираат ботокс е голем и постојано расте.

Мит 7: Ботоксот може да предизвика ботулизам.

Ботоксот е направен од прочистен протеин. Штетниот дел е изгубен во процесот на прочистување и она што останува е протеин во прочистена форма.

Мит 8: Ботокс третман може да се направи само еднаш.

Ботокс третманот може да се повтори онолку пати колку што вашата состојба и индивидуална желба дозволува. Кај повеќето пациенти, ефектот обично трае до 4-6 месеци.

Мит 9: Многу креми се подобри од ботокс.

Кремите достапни на пазарот за мазнење брчки и линии предизвикани од муртење се површински креми и се аплицирараат на површината, надворешно. Но со ботоксот се делува на мускулите кои се наоѓаат во внатрешните слоеви и кои всушност се одговорни за формирањето на брчките. Ботоксотделува во насока на релаксација на мускулите и прави кожата да изгледа мазно. Ефектот од кремите према тој од ботоксот нема споредба.

Доколку некои од овие митови досега беа пречка да се одлучите да примените ботокс на вашето лице и тело, сега е време да го смените вашето мислење. Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“ по повод „Меѓународниот ден на жената“ нуди одлично намаление на улугата за ботокс, кое не смеете да го пропуштите. Јавете се на +389 2 321 66 08 и закажете си термин.