Барон Андервуд еден ден се вратил дома, откако ноќта ја поминал кај свое другарче и одеднаш почуствувал дека мора да спие. Момчето започнало да спие по неверојатни 18 часа дневно.

Момчето кое скоро целите своите денови ги поминувало потонато во длабок сон, страда од сериозна здравствена состојба, која му била дијагностицирана дури после 1 година.

Викторија Андервуд за првпат забележала дека нешто не е во ред со нејзиниот син, кога Барон започнал да спие се подолго и подолго, а притоа се соочувал и со ноќни кошмари и халуцинации во текот на ноќите.

Мајката го одвела момчето кај неговиот педијатар, кој констатирал дека момчето најверојатно се соочува со синдром на немирни нозе, кој му го нарушува сонот. Момчето подоцна било упатено кај невролог, кој пак заклучил дека состојбата на Барон се должи поради фактот што најверојатно не бил научен како мал сам да заспива и затоа сега има проблеми при спиењето.

Во наредните неколку месеци, момчето продолжило да спие по 18 дневно, а тоа дури го правел и додека бил на училиште. Едноставно не можел да остане буден.

„Спиеше буквално секаде. Станавме свесни дека нешто сериозно не е во ред со нашиот син кога од 12, започна да спие по 18 часа дневно“- вели Викторија.

Мајката на момчето револтирана поради тоа што лекарите воопшто не биле од никаква помош, започнала по Интернет сама да ги истражува симптомите на своето дете, што довело да започне да чита за нарколепсија- ретко невролошко заболување кое влијае врз личноста и ја поттикнува да спие многу повеќе од потребното и во несоодветните часови.

По сознанието дека постои таква состојба, Викторија веднаш го одвела Барон на тестирање, а момчето заспивало во рок од 90 секунди, за време на сите 5 тестови што биле направени. Потоа и официјално му било дијагностицирано дека страда од нарколепсија.

Лекарите ја признаваат својата грешка и велат дека поради возраст, тој е уникатен случај и досега не сретнале пациент на таа возраст со оваа здравствена состојба.

По утврдувањето на состојбата, на Барон му биле препипшани соодветни лекарства и третмани, кои му помагаат да ја ублажи состојбата, а учителките во училиштето се потрудиле да ги едуцираат и запознаат неговите соученици за нарколепсијата, за да храброто момче не се чувствува несигурно.