Во текот на животот, дамите трошат огромни суми кога станува збор за отстранување на влакната. И дури е разочарувачки е кога и покрај сè, резултати се лоши, откако сме потрошиле толку многу пари за овој прилично досаден, а понекогаш дури и болен процес.

Влакната кои се појавуваат за кратко по бричењето, остатоците од восок кои не се отстрануваат толку лесно или пак иритацијата и црвенилото кои се појавуваат, навистина може да ја излудат било која жена. Причините за лошите резултати по третманот може да варираат, од неправилното бричење при топла купка до недоволна грижа за негата на кожата по процесот.

Денес ви откриваме листа на знаци кои укажуваат на тоа што правите погрешно за време на отстранувањето на влакната, односно грешки кои воедно ве спречуваат да уживате во мазната кожата и наместо тоа, постојано сте принудени да се борите со иритацијата.

1. Избирате погрешен метод на отстранување

Не е тајна дека денес постојат многу начини на кои можете да ги отстраните несаканите влакна. Но, не сите од нив се погодни за секој од нас. Затоа, важно е да се обрати внимание на реакцијата на вашата кожа на секој од користените методи. Иритација е главниот сигнал дека користите погрешен метод за отстранување на влакната.

Исто така потребно е да се земе во предвид дека вашата кожа можеби е склона кон развивање алергии. И затоа, секогаш треба добро да го проверите секој нов производ пред да го користите.

Како да го направите тоа: Нанесете малку од кремата за депилација, восокот или шеќерната паста на мала површина на кожата. Почекајте 5 минути. Доколку не се појавии црвенило, чешање или иртиација, тогаш слободно употребете го производот на целото вашет тело.

2. Се бричите додека се бањате

Ова можеби не ви изгледа логично. Бидејќи прво, тоа е сосема погодно и удобно. Второ, многумина од вас знаат дека е подобро да ги избричите влакната, откако кожата поминала низ процесот на пареа.

Но, доколку истата поминала подолго време изложена на пареа,  тоа ќе придонесе кожата да отече, притоа влакната ќе станат помалку забележителни и на овој начин,  ќе се отежни нивното отстранување и нема да ги добиете посакуваните резултати.

Решение: Не ја изложувајте кожата на пареа премногу долго. Може да се обидете и со бричење по туширањето, но само доколку почекате малку за да се смири отокот

3. Неправилно ги отстранувате влакната

Насоката во која се отстрануваат влакната е клучна, кога станува збор за третманите со користерење на шеќерна паста и восок. Значи, важно е да запомните како да го нанесете производот и потоа како да ги отстраните влакната.

Восок: Нанесете го восокот строго според насоката во која растат влакната, а потоа отстранете ги истите во спротивната насока.

Шеќерна паста: Нанесете ја пастата во насока спротивна на растот на влакната, а потоа отстранете ги истите во насоката во која растат.

4. Не правите пилинг на кожата

Пред да го отстраните вишокот на влакна, се препорачува да се направи ефикасен пилинг на кожата. Ова ќе помогне подобро да се отстранат мртвите клетки.

Можете да користите купечки пилинг или да подготвите свој домаше. На пример, домашен пилинг на база на кафе или шеќер. Нанесете ја смесата и нежно масирајте ја вашата кожа.

Важно: Не ја чистете кожата веднаш пред да ги отстраните влакната. Оваа постапка најдобро се прави однапред т.е претходниот ден. И не заборавајте да ја навлажнете кожата со крема или лосион откако ќе го завршите третманот со пилингот.

5. Не ја подготвувате кожата

Доколку се одлучите да ги отстраните влакната со шеќерна паста или восок, тогаш прво треба да ја подготвите кожата за овој процес. Ова ќе ви помогне да ги отстраните бактериите што се акумулираат на кожата и да го заштитите од евентуална инфекција или иритација. Плус, на тој начин ќе го подобрите квалитетот на депилацијата, бидејќи нема да има слој на себум помеѓу кожата и самиот производ.

За таа цел, можете да користите специјални професионални лосиони или лосиони кои содржат алкохол. Едноставно нанесете течност на памучен туфер и избришете ја кожата, во областа каде планирате подоцна да ги отстранувате влакната.

6. Ги отстранувате влакната премногу рано

Потребно е да знаете дека многу полесно ќе ги отстраните несаканите влакна доколку тие не се прекратки. Доколку секојдневно се обидувате да ги отстраните малите ситни влакна, тогаш е веројатно е дека тоа ќе резултира со иритација. Должината, исто така, влијае на квалитетот на депилацијата на влакната.

Затоа, подобро е да го направите тоа кога должината на влакната ќе биде малку подолга. Во спротивно, постапката нема да го донесе посакуваниот ефект, бидејќи ќе биде тешко да се отстраната влакната.

Важно: Не обидувајте да ги чувате влакната со недели, со надеж дека тоа ќе ви помогне да ги добиете најдобрите резултати, бидејќи ваквиот чекор исто така ќе има негативен резултат. Тоа се должи на фактот што доколку влакната се предолги, смесата за отстранување може да се заплетка и да остане во нив.

7. Неправилно се грижите за кожата по отстранувањето на влакната

Крајот на постапката за отстранување на влакна не е помалку важен од подготовката пред неа. Прво, треба добро да ја навлажните кожата. Иако користењето на масло се чини како одлична идеја, сепак не е така. Некои видови на масла можат да ги затнат порите и да ја зголемат иритацијата.

Затоа, подобро е да се користи гел од алое вера или специјален крем по депилација за да се смири кожата. Исто така, не да се туширате со претопла вода или да пливате во базен 1-2 дена по депилацијата. Воедно, не треба да се сончате или да користите дезодоранси и друга козметика, токму во тие клучни први денови, бидејќи во спротивност, ризикувате да се соочите со појава на чешање, иритација или воспаление.

Важно: Не ја гребете или тријте кожата на месата при кои биле отстранети влакната, за да ја избегнете појавата на инфекција.

8. Поткожни влакна

Многумина од нас се запознаени со поткожните влакна, кои исто така се индиктаро за неправилно отстранување на влакната. Тоа се должи на фактот дека влакната ослабнуваат и многу потешко излегуваат на површината.  Како резултат на тоа, се виткаат и започнуваат да растат кон внатрешноста, под самата кожа.

Постојат многу причини за појава на поткожни влакна, а многу од нив веќе ги наведовме погоре. Тоа може да биде употреба на масло по депилацијата, неправилното бричење или несоодветно чистење на кожата пред постапката. Исто така, честото бричење може да доведе до појава на овој несакан проблем.

Решение: Следете ги сите правила за подготовка на постапката за отстранување на влакната. Исто така пред бричење, не заборавајте да користите специјална пена или гел. Користете остар брич и со истиот само еднаш поминете преку кожата. По секоја постапка, обратете големо внимание на негата на кожата и соодветно навлажнете ја за да остане мека и нежна. Воедно,  ме носете синтетичка или тесна облека веднаш по депилацијата.