Кога ја гледам Џенифер Лопез и Џенифер Лоренц, тешко е да ги замислиме без нивните препознатливи и заводливи фигури, да замислиме друг стандард за убавина.

Овие славни дами успеале своите физички карактеристики да ги претворат во своја моќ, докажувајќи дека не треба да се подлегнува под секој стереотип од рекламите, за да се сакаат самите себе и да бидат успешни.

Еве на кои славни дами им било речено да ослабнат, бидејќи не се совпаѓале со критериумите на слаб изглед во Холивуд, а кои за среќа не ги послушале советите и сепак, оствариле огромен успех со своите кариери:

1. Џенифер Лопез

Џенифер Лопез е една од најуспешните пејачки, а воедно е успешна актерка и танчерка. Има продадено преку 75 милиони копии од својот албум, а сега во 2019-та е прогласена за модна икона.

Но, работите не секогаш оделе вака подмачкано за славната ѕвезда. Во едно интервју, Џенифер изјави дека на почетокот од својата кариера постоеле луѓе кои дискретно велеле дека треба да го изгуби вишокот килограми. Но, за среќа, не ги послушала, а сега гледаме кој бил во право.

2. Амбер Тамблин

Амбер Тамблин е американска актерка и поетеса, а има играно во многу славни филмови и серии. Таа е многу успешна во својата кариера и притоа важи за самоуверена жена. Но, не секогаш било така.

Во 2008-та година, Амбер со соочила со својот агент од Ворнер Брос. Кога се јавил за да го честита постигнатиот филмски успех, пропратно агентот рекол дека таа мора да ослабне неколку килограми. Овој разговор многу влијаел врз самодовербата на Амбер.

Денес Амбер ја раскажува својата успешна приказна и воедно е активист кој гласно се бори за правата на жените во сите сфери.

3. Мисти Коупленд

Мисти Коупленд е балерина, воедно и првата афроамериканска примабалерина во Американскиот театар за балет. Таа се смета за движечка елеганција и префинетост. Но, и балерините неретко се соочуваат со бројни критики, според кои телото на една балерина треба да се совпаѓа со традиционалната естетика на балетот.

На почетокот од својата кариера, Мисти била под постојан притисок да ослабне, а поради истиот се здобила со здравствени проблеми. Но, славната ѕвезда успеала да ги надмине препреките и не дозволила никој да ја спречи во остварување на својот талент и успех. Во 2015-та година, влезе на листата на Форбс, за 100-те највлијателни луѓе, за таа година.

4. Ешли Бенсон

Ешли Бенсон е американска актерка, најпозната по својата улога во „Мали слатки лажливки“. Иако секогаш изгледа совршено, таа често пати се соочила со критики дека мора да изгуби одреден број килограми според својата висина. Ешли не чувствува дека треба да ги слуша туѓите своети за сопственото тело и тоа е сосема правилно.

5. Ешли Греам

Американската манекенка е жена која ги инспирира сите девојки и жени ширум светот да си го сакаат своето тело. По бројни соработки со врвни модни брендови, тешко е да се замисли дека славната ѕвезда имала некогаш проблеми со самодовербата.

Но, во нејзиното детство, Ешли често била исмејувана од останатите деца, а дури и нејзините родители рекле дека е премногу дебела, со заоблена фигура. Но, сите овие непријатни моменти ја направиле манекенката посилна, а таа тоа го докажа со својата успешна кариера.

6. Кели Кларксон

Кели Кларксон отсекогаш била склона кон дебелеење. По раѓањето на својата ќерка, таа се здоби со вишок килограми, поради што, се соочи со брутален критицизам на социјалните мрежи. Но, славната пејачка на негативните критики им одговори дека живее во слободен свет и не се грижи што останатите мислат за нејзината тежина.

7. Џенифер Лоренц

Џенифер Лоренц едноставно го мрази зборот „дебела“. И покрај бројните и популарни филмови во кои глумеше, таа не е типична Холивудска ѕвезда, бидејќи не ги сака диетите и ги мрази стандардите за убавина. Во едно интервју изјави како сите се премногу слаби и кога конечно на сцена ќе излезе жена со нормална тежина како нејзината, сите велат „таа е со обилини“.

Актерката исто така смета дека треба да биде незаконски некого да го наречеш „дебел“ на телевизија.

8. Тајра Бенкс

Тајра Бенкс е една од најпознатите американски модели, а истовремено е успешна актерка, пејачка и водителка. Иако сега зрачи со неверојатна самодоверба, таа морала да се избори со суровите коментари од медиумите и модната индустрија, додека ја формирала својата кариера.

На почетокот, поради нејзините облини, многу модни дизајнери одбиле да соработуваат со славната ѕвезда, а денес таа се грижи да им даде поддршка на сите оние кои немаат самодоверба поради туѓите коментари. Смета дека сите треба да се сакаме, да го сакаме секој дел од нас, нашето тело, коса, возраст.