8 раси на кучиња кои се забранети во различни земји

Многу земји во светот регулираат одредени раси на кучиња. Ова се случува поради нивната потенцијална опасност за општеството и агресивноста. Или се целосно забранети или се ограничени во форма на задолжително микрочипирање, добивање на специјална дозвола, задолжителна стерилизација и посебни услови за нивно чување. Во некои земји  дури е потребно да се обезбеди криминално досие на сопственикот и психолошка потврда.

Ние веруваме дека нема агресивни кучиња, има само неправилно воспитување. И покрај тоа што се сметаат за опасни, мислиме дека можат да бидат совршено мили членови на семјството.

8. Преса Канарио

Оваа раса ја отвора листата и е регулирана во  8 земји. Можеби изгледаат застрашувачки, но тие всушност се  мирни кучиња кои се верни на нивните сопственици.

7. Ротвајлер

Иако Ротвајлерите активно се користат во операциите за спасување од страна на полициските сили, 10 земји ги сметаат за опасни. Во реалноста, тие се мирни кучиња чувари и разиграни мекуши.

6. Американски  Стафордшир териер

Ова е најконтроверзното кутре. Од една страна, 11 земји ја регулираат оваа раса со закон. Но, во исто време, секојпат е на списоците со најпопуларните кучиња ширум светот.

5. Стафордшир Бул Териер

Ова куче е една од расите што се користи во борби со кучиња. И покрај тоа, тие се пријателски настроени и нежни, а се препорачуваат и како семејни кучиња. Но, 12 земји ширум светот го мислат спротивното и ги забрануваат или ограничуваат.

4. Бразилски мастиф

Убавите и тажни очи на оваа раса откриваат дека околу 14 земји се предпазливи со нив. Некои ги сметаат за агресивни, додека други ги гледаат како добри чувари.

3. Тоса

Ова јапонско кученце се смета за опасно во 18 земји. И тажно е што во Јапонија сè уште се користат за борби со кучиња.

2. Дого Аргентино

И повторно имаме 18 земји во светот кои ги регулираат овие кучиња. Овој пат станува збор за снежно-бела аргентинска убавица. За среќа, барем во нивната татковина тие немаат ограничувања и можат да бидат членови на семејството.

1. Пит Бул

Овие кучиња се на врвот на листата. 24 земји ги ограничуваат или забрануваат. Не само самите питбули, туку и нивните вкрстени раси се под законска контрола.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *