Појавата на модринки од време на време е неизбежна, но доколку ова ви се случува пречесто и не можете да разберете зошто истите се појавуваат, тогаш потребно е да ги знаете следните 8 можни причини.

Како се појавуваат модринките?

Секој вид на трауматично повредување, како што е паѓањето на пример, може да резултира со оштетување на капиларите т.е малите крвни садови, од кои црвените крвни клетки се влеваат во површината на кожата. Тоа доведува до појава на виолетови и сино-црни дамки по кожата.

Ние ги нарекуваме модринки, а еве кои се 8-те можни причини за нивната појава, доколку често се соочувате со истите:

1. Возраст

Со текот на годините, човечкото тело губи дел од својот заштитен мастен слој, кој ја штити кожата од удари и повреди од паѓање. Кожата станува потенка, а производството на колаген се намалува.

2. Нарушувања во крвта

Крвните заболувања како хемофилија и леукемија може необјасниво да предизвикаат појава на модринки, поради нарушувања на самата крв. Затоа најдобро е доколку пречесто се среќавате со модринки, да ја направите потребната лекарска консултација за точно утврдување на причините.

3. Дијабетес

Луѓето со дијабетес може на кожата да имаат темни дамки, често на местата каде кожата остварува контакт со други делови од телото. Овие дами често може да бидат помешани со вообичаени модринки, но всушност причината за нивната појава е инсулинската резистенција на организамот.

4. Прекумерен стрес при вежбањето

Преоптеретеноста на мускулите, до која може да дојде при вежбање т.е при кревањето тегови, може да доведе до оштетување на крвните садови и да предизивка појава на модринки.

5. Одредени видови лекарства

Одредени видови лекарства како аспиринот и антикоагулациски лекарства може да доведат до намалување на коагулацијата на крвта и ослабнување на крвните садови, при што воедно и да ги зголемат шансите за појава на модринки по телото.

6. Наследност

Доколку имате роднини кои исто така страдаат од пречеста појава на модринки, тогаш може да се каже дека вие всушност имате генетска предодреденост и едноставно сте склони кон добивање модринки.

7. Виолетов дерматитис

Ова заболување на крвните садови, почесто застапено кај возрасните луѓе, е причината која доведува до појава на мал милион модринки, најчесто по долниот дел на нозете, а од далеку луѓето со виолетов дерматитис изгледаат како на нозете да имаат посипено мелен црвен пипер.

8. Негативни последици од Сонцето

И покрај фактот дека на нашето тело му е потребно изложување на сончеви зраци, за да истото природно произведува витамин Д, сепак прекумерената изложеност на Сонце, особено кога телото е соочено со изгореници, тоа може да доведе го губење на еластичноста и здравјето на кожата.

Тоа од една страна, го олеснува процесот на појава на модринки и тие брзо започнвуаат почесто да се појавуваат.