Дневна крема, крем за околу очите или против стрии…Дознајте кои козметички производи, што ги користиме секојдневно, сè всушност бескорисни, а некои дури и штетни!

1. Дневен крем

Дневните креми биле измислени порано кога жените не излегувале многу често, а кога пак излегувале, шетале со чадори. Па затоа денес, дневната крема не игра многу голема улога, кога веќе се измислени кремите со заштитни фактори кои одлично си ја вршат својата функција.

2. Маски за лице

Маските за лице се класичен пример на производи кои нè прават да се чувствуваме добро и релаксирано, како да сме на спа третман, но всушност се тотално непотребни и бескорисни.

3. Отстранувач на шминка

Денес сè измислени бројни козметички производи кои служат за повеќе намени, па така отстранувачот на шминка да се користи како посебен производ само со таква функција е сосема непотребен.

4. Крема за околу очи

Кремите за очи најчесто се означени како креми наменети за сензитивниот дел околу нашите очи. Но, всушност освен што ги навлажнуваат тие делови, како и сите други обични креми, резултатите како на рекламите тешко се остваруваат.

5. Пилинг за ексфолијација

Со готовите пилинзи ние можеби мислиме дека се грижиме за нашата кожа и ја правиме потребната ексфолијација, всушност ние и наштетуваме, бидејќи пилинзите го отстрануваат и нашиот заштитен слој на кожата и не прават повеќе подложни на штетната околина.

6. Крем против стрии

Стриите се белези што се појавуваат од внатрешната страна и за жал, не постои козметички производ што може да ги отстрани. Кремите против стрии можат минимално да ја намалат нивната видливост, но освен што ќе ја навлажнат кожата, не можат целосно да ги отстранат.

7. Тонер за чистење на лицето

Ако тонерот за лице не го користиме многу, неговите својства реагираат добро на кожата. Но, ако го користиме подолго време, односно секојдневно, тоа може да доведе до иритација и сушење на нашата кожа.

8. Водоотпорна маскара

Водоотпорната маскара може да трае вечно, но тоа воопшто не е во ред. Вештачкиот восок и силиконите што влегуваат во нејзиниот состав воопшто нема добро да влијаат врз нашите трепки.