Секоја дама пред сè ја цени практичноста и удобноста, а следните генијални и лесни трикови ќе им помогнат на сите жени да стават крај на честите секојдневни проблеми со облеката кои им создаваат главоболка.

1. Во случај на носење облека со отворен страничен дизајн, најдобро е да облечете силиконски градник во откопчана форма и вертикално (да, и тоа е возможно), за да истиот не се забележува.

2. Доста лесно може да го поправите и раздвижите проблематичниот патент, со едноставно нанесување малку сапун врз истиот.

3. Оригиналниот начин за организирање на маиците во плакарот е со нивно прикачување на кука за крпи. Така ќе заштедите простор, а воедно облеката нема да се стутка.

4. Доколку не можете да пронајдете соодветен број на фармерки или од неодамна сте добиле мал вишок на килограми, едноставно може да зашиете дополнително парче за проширување на фармерките.

5. Доколку ви здосадил обичниот изглед на вашите обувки или тие ја изгубиле нивната блескава бела боја, едноставно залепете парче чипка врз нивната површина и уживајте во новиот пар на чевли.

6. Употребете пена за бричење за да ги отстраните дамките од шминка на вашата облека.

7. За да ги отстраните дамките од боја на вашата облека, навлажнете ја истата со алкохол, истријте со четка за заби, а потоа исперете ја облеката на вообичаениот начин.

8. Пемзата е изненадувачки корисна алатка за отстранување на топчињата ткаенина на плетените блузи.