Нашето тело започнува да забавува со развојот околу 30-та година од животот, но вежбањето не само што може да го забави стареењето, туку може да ги врати и некои од веќе направените штети кои настанале со тек на време.

Затоа, за денес ви откриваме едноставна рутина за вежбање составена од 8 лесни вежби, која има моќ да се справи со најчестите болести и прогресивните здравствени состојби кои почнуваат да се појавуваат после 40-та година:

1. Фатете ги нозете со вашите рацете додека истовремено го кревате грбот за да ја намалите болката во мускулите

Оваа вежба помага за подобрување на  циркулацијата на крвта и овозможувањето подеднаков проток на кислородот на целото тело, притоа и воедно намалувајќи ја болката во мускулите.

Што да направите:

  • Легнете на удобна површина, свртени на стомакот. Можете да и подлога за јога.
  • Свиткајте ги колената и придвижете ги кон главата.
  • Со помошт на рацете, фатете ги нозете, додека ги држите главата и погледот свретени кон нагоре.
  • Останете во оваа положба 10 секунди.
  • Одморете 10 секунди. Повторете 10 пати.

2. Скокајте со јаже за да го зајакнете срцето

Скокањето со јаже можеби ви изгледа како обична вежба, но истата може да направи чуда за вашето здравјето и здравјето на вашето срце, штитејќи го истото од кардиоваскуларни проблеми.

Што да направите:

  • Фатете ги секој од краевите на јажето со вашите раце.
  • Кренете ги рацете, скокнете нагоре и брзо поминете низ заобленото јаже, протнувајќи го истото под нозете.
  • Вратете ги рацете во првобитната положба. Повторете 15 пати.
  • Одморете 10 секунди. Повторете 5 серии од по 15 скокови поединечно во секоја серија.

3. Со удирање на замислена цел, спречете го појавувањето на остеопороза

Ова вежба се смета дека има огромно влијание врз здравјето. Спротивно на мислењето на многумина, вежбата помага во градењето на коскената структура и ефикасно спречува појава на било какво оштетување предизвикано од остеопороза.

Што да направите:

  • Додека стоите исправено, кренете го вашето десно колено.
  • Брзо издигнете ја десната нога, замислете дека пред вас има некоја цел и удрете ја истата со ногата. Ногата треба да биде сосема исправена.
  • Вратете се првобитната положба на стоење.
  • Направете голем чекор кон напред, притоа благо свиткувајќи го десното колено и удрете ја замислената цел со вашата лева рака.
  • Вратете се во првобитната положба на стоење. Направете 3 серии од по 15 удари поединечно во секоја серија.

4. Намалете го ризикот од појава на артритис со оваа „Супермен“ вежба

Вежбата за тренирање на физичката сила и издржливоста на телото го намалува ризикот од развој на артритис и појава на болка во зглобовите.

Што да направите:

  • Легнете на стомакот на удобна површина со рацете исправени напред.
  • Држејќи ги нозете заедно и исправено, кренете ги истите околу 10 до 20 цм од подот.
  • Кренете ги рацете заедно во исто време. Тие исто така треба да бидат на оддалеченост од 10 до 20 цм од подот.
  • Задржете така 10 секунди.
  • Врати се во првобитната положба. Одморете 10 секунди. Повторете 10 пати.

5. Кревајте тегови додека лежите, за да ја спречите појавата на болка во грбот

Зајакнувањето на вашите основни мускули помага телото да се ослободи од стрес и тензија во грбот, притоа намалувајќи ја болката во тој дел

Што да направите:

  • Легнете на грб на удобна површина со колената свиткани.
  • Рацете треба да бидат отворени т.е на пошироко растојани. Потребно е да држите тежок предмет како мали тегови
  • Кренете ги рацете над вашиот граден кош, притоа доближувајќи ги една до друга
  • Вратете ги рацете на подот. Доколку сакате вежбата да биде поефикасна, вратете ги рацете во првобитната положба, но без да го допирате подот.
  • Повторете го движењето 10 пати. Одморете една минута. Повторете 5 серии од 10 кревања поединечно во една серија.

6. Активирајте ги нозете, за да ги зајакнете мускулите и да го спречите губењето на мускулната маса

Оваа вежба докажано го спречува, па дури и го враќа изгубениот дел од мускулната маса што настанал со текот на времето.

Што да направите:

  • Додека стоите, свиткајте го торзото под агол од 90°C и оставете ги рацете да висат надолу.
  • Потпирајќи се на левата нога, кренета ја десната нога додека вашето тело не направи паралелна линија со земјата. Во тој дел од вежбата, ќе почуствувате благо стегање на мускулите на нозете.
  • Вратете ја ногата во првобитната положба.
  • Повторете 20 пати. Одморете една минута.
  • Направете го истото движење со спротивната нога. Повторете во 2 серии.

7. Клекнувања во седечка положба за закајнување на колената

Иако на некои дами овие вежби нема да им се допаднат, бидејќи се  врши малку поголем преголем притисок врз колена, сепак ваквите клекнувања се совршени доколку сакате да го обликувате долниот дел од вашето тело.

Што да направите:

  • Застанете исправено, притоа претходно поставете стол зад вас.
  • Одделете ги нозете со растојание како колковите.
  • Свиткајте ги колената, како да обидувате да седнете и да одморите една секунда на столот. Запомнете да го задржите вашиот грбот исправен.
  • Врати се во првобитната исправена положба. Направете 3 серии од по 20 клекнувања во секоја серија поединечно.

8. Зајакнете го грбот и спречете го искривувањето на истиот со помош на оваа вежба и со помош на вашиот пријател

Поправете го вашето држење на телото и спречете го искривувањето на ‘рбетниот столб со оваа лесна јога вежба. Изведете ја истата бавно и со лесен притисок, притоа потпирајќи се на помошта од вашиот партнер или пријател.

Што да направите:

  • Седнете на подот со грб исправен и прекрстете ги нозете.
  • Потребно е вашиот пријател или партнер да седне зад вас, истиот да ги исправи нозете и да ги постави неговите стапала на долниот дел од вашиот грбот.
  • Поставете ги вашите раце зад вас и така фатете ги рацете на партнерот. Во овој дел од вежбата треба да почувствувате притисок врз грбот.
  • Вашиот пријател може да ги стави нозете малку повисоко на грбот и да ги придвижува додека истите на стасаат до врвот на ‘рбетот. Тогаш треба повторно да одат по целиот грб надолу.
  • Повторете 5 пати.