74-годишната Индијка го запиша своето име во историјата откако стана највозрасната мајка на светот. Ермати Магама роди близнаци по вештачко оплодување.

Ермати е жителка на Андхра-Прадеш, а директорот на болницата откри дека породувањето било изведено со царски рез.

„Операцијата помина во најдобар ред. И мајката, како и близнаците се здрави и нема никакви компликации. Сепак мајката беше префрлена на одделот за интензинвна нега, за да полесно го преброди претрпениот стрес.“- изјави директорот.

Мангама нема да може да ги дои нејзините новороденчиња, при што истите ќе примаат млеко од донаторска банка.

Според лекарите, возрасната жена имала успешна бременост и успеала да ги роди близнаците здрави бидејќи немала здравствени компликации како дијабетес и хипертензија.

Мангама и нејзиниот 80-годишен сопруг Рај Рао стапиле во брак на 22-ри март, 1962-та година. Последните 57 години парот безуспешно се обидувал да има дете. Благодарение на процесот на вештачко оплодување, 74-годишната жена успеала да забремени во Јануари, оваа година.