Имате голем апетит, ви кркорат цревата, но веќе е доцна и се подготвувате за спиење? Според експертите, не треба да си легнувате гладни и еве како тоа можете лесно да го решите на 7 вкусни начини.

Еве кои 7 видови на храна може да ги консумирате безгрижно во вечерните часови, пред спиење, а кои значително многу ќе ви помогнат, доколку се обидувате да ослабнете:

1. Тврд кашкавал

Една порција од овој вид на кашкавал ефикасно ќе ве засити, а содржи само 80 калории.

2. Овесни снегулки

Содржат околу 200 калории, лесно се преработуваат во организамот и притоа ги ублажуваат стомачните киселини.

3. Кисела павлака

Чаша кисела павлака без масти, ќе ми ги даде на организамот неопходните протеини и истовремено ќе го подобри квалитетот на вашиот сон. Пробиотиците кои активно дејствуваат ќе ги смират цревата.

4. Пилешко месо

Доволни ви се 2 мали парчиња за вечера, а на овој начин ќе ги внесете потребните висококвалитетни протеини, со ниско количество на масти.

5. Јаболко

Јаболката имаат доволно количество на хранливи влакна и лесно ќе го задоволат вашиот апетит.

6. Чоколаден пудинг без масти

Лесниот чоколаден пудинг ќе ве застити, без да се чувствувате презаситено.

7. Банана

Бананите се совршеното овошје, кои многу ефикасно може да ве засити пред спиење, а кое нема да им наштети на вашата линија и ќе ви помогне во борбата против вишокот килограми.