Ова се 7-те знаци кои јасно покажуваат и ви откриваат дека вашиот принц на бел коњ не е ништо повеќе од еден класичен и обичен манипулатор, со кој не треба да продолжувате да си го трошите времето.

  1. Кога не е по негово, станува агресивен.
  2. Често се извинувате за работите, за кои вие воопшто не сте виновни.
  3. Се трудите многу повеќе од него за вашата врска.
  4. Тој умее да биде неверојатно шармантен кога бара нешто од вас и неверојатно благодарен кога истото ќе го добие.
  5. Не можете да се потпрете на него, бидејќи е непредвидлив.
  6. Опседнат е да ги контролира сите околу него.
  7. Ако тој погрешил, ќе пронајде начин да ве обвини вас или некој друг.

Ваквите манипулатори имаат неверојатна способност да ја исцедат енергијата од луѓето околу нив, обвинувајќи ги другите за нивните сопствени грешки. Доколку го препознаете вашиот партнер во овие 7 знаци, тогаш време е добро да размислите за вашиот љубовен однос.