Денешните млади мајки имаат пристап до огромно количество на информации за тоа која е најдобриот начин за нега и грижа за нивното дете.

Овде спаѓаат бројни едукативни курсеви наменети за бремените жени, како и оние кои веќе родиле, потоа бројните Интернет страни и блогови раководени од педијатри и психолози, а тука се и форумите и секако мислењето на бабите.

Но често, препораките кои им се даваат на мајките кои штотуку родиле, се доста контрадикторни.

Во продолжение откријте ги најчестите грешки, кои самите мајки откриваат дека ги направиле на почетокот од нивното мајчинство.

1. Не го хранат бебето со формула

Мајчиното млеко е најдобрата храна за едно бебе. Но, за жал, понекогаш истото не е секогаш достапно во доволна количина, поради бројни фактори. И иако медицинските сестри на одделот за породилно најчесто веќе се подготвени со шишиња формула, доколку на новороденчето му бидат потребни, сепак мајките одбиваат да ги користат.

Состојбата на глад кај децата може да биде многу опасна: Може да предизвика дехидратација, што пак ќе резултира со поголеми штетни последици.

2. Прекумерено хранење на бебето

Доколку детето плаче, тоа не секогаш мора да значи дека е гладно. Бебето може да плаче бидејќи е повредено или едноставно плаче бидејќи сака да ја види својата мајка. Во тие ситуации, понекогаш луѓето се обидуваат бебињата да ги утешат со храна, а тоа може да доведе до прејадување, што пак ќе резултира со непријатно чувство при стомакот, појава на гасови и плукање.

Не инсистирајте доколку вашето бебе не сака да јаде. Доколку сметате дека вашето дете не се храни доволно, консултирајте се со педијатар- можеби не сте во право.

3. Измолзување мајчино млеко со помош на пумпа и хранење од шише

Често, бебињата не успеваат добро да се хранат од градата, па затоа мајките го измолзуваат млекото со помош на пумпа. Не постои опасност од ова, но бебињата многу полесно се навикнуваат на шишето, а тоа може да доведе до целосно прекинување на процесот на доење, што пак кај ќе резултира со неправилен залак, проблеми со говорот и намалување на количината на мајчиното млеко што се произведува.

4. Претерано повивање на бебето

До неодамна, луѓето веруваа дека е корисно бебето да се повива повеќе за да се затопли, бидејќи „бебињата се навиканти на висока температура кога се внатре во утробата на мајката“. Но, прекумереното затоплување може да биде опасно и да го зголеми ризикот од фатални последици. Педијатрите препорачуваат дека на бебињата треба да им биде удобно, при што најсоодветната температура е меѓу 17ºC и 20ºC.

Истовремено се препорачува при повивањето да не користите премногу ќебиња и не ги доближувајте до греалки. Соблекувајте им ја капата за време на спиењето.

Како да знаете дали на вашето бебе му е претопло? Допирнете го неговото стомаче- би требало да биде топло, не не претопло. Црвените образи и зголеменото потење се исто така знак на прекумерено затоплување.

5. Стерилизирање на сè околу детето

Постарите генерации сметаат дека бебињата треба да се бањаат во варена вода, чаршавите да се пеглаат и од двете страни, а просторијата во која престојува бебето, треба да се чисти неколку пати на ден.

Многу млади родители често и се ослободуваат од нивните миленици, бидејќи се загрижени за здравјето на нивните деца. Но, педијатрите сметаат дека доколку сè  околку децата е пречисто, не само што тоа може да го наруши нивниот имунолошки системи, туку ќе ги направи и хиперсензитивни.

Според научниците од Детскиот центар „Џонс Хопкинс“, децата кои се среќаваат со микроби т.е бактерии во домаќинството и од крзното на милениците за време на првата година од нивниот живот, во понатамошниот равој се помалку склони кон развивање алергискии реакции и астма.

По првата година, контактот со мачки и кучиња веќе не би бил толку ефикасен и корисен.

6. Неправилно користење на количката

За жал, родителите не можат 24/7 да им овозможат целосна безбедност на своите деца. Но, едно можат да направат, а тоа е колку што можат најмногу да ги следат општите правила за безбедност на нивните деца. Едно од тие правила е кога влегувате во лифт со количка, вашето дете треба да го држите во раце. Многу малку луѓето го практикуваат ова, но е потребно бидејќи машините како што е и самиот лифт не се секогаш сигурни и вратата од лифотот може да се затвори во секоја секунда, разделувајќи ве од количката што веќе сте ја ставиле внатре.

Исто така, родителите често поминуваат на пешачки премин, на погрешен начин т.е туркајќи ја количката пред нив. Но, количката е многу пониска од автомобилите и возачите можеби не секогаш ќе ја забележат.

Според правилата за безбедност, количките треба да бидат до родителот, наместо пред него.

7. Нишање на бебето на погрешен начин

Децата често знаат да плачат до тој степен, како да ги мразат своите родители. Тоа пак предизвикува нервоза кај родители и истите за да ја смират ситуацијата, започнуваат да го нишаат бебето, а и нишањето го изведуваат на нервозен начин.

Но, не станува збор дека родителите сакаат да го повредат своето дете, туку нервозата е таа што ги поттикнува да ги прават наглите движења.

Запомнете дека бебињата имаат слаб вратна мускулатура и помек мозок, отколку кај возрасните, па нишањето на бебето на нервозен и брз начин може да резултира со негово повредување.