Режимот од козметички производи, особено скапи производи, не секогаш е златен билет до беспрекорна кожа. Понекогаш треба да се потсетиме дека природата е основа на сè!

1. Добар квалитетен сон

Во реалноста, ретко кои козметички производи ги содржат истите ефекти на трансформација, како добриот квалитетен сон.

Кога сме во длабок сон, нашата кожа се регенерира како што метаболизмот се подобрува, при што со сето им се овозможува на клетките да се репродуцираат и подобрат на поефикасен начин. Ова е една од причината зошто на секој човек му требаат 8 часа квалитетен сон.

Истовремено треба да го практикуваме спиењето на грб, за да ја избегнеме затегнатоста и појавата на брчки. Воедно, мора постојано да ја менуваме навлаката, бидејќи на истата се акумулираат остатоци од мртва кожа и бактерии.

2. Да ја смениме исхраната

Ако исхраната или диетата што моментално ја држиме не чини, тоа ќе влијае и врз нашата кожа. Наместо нездрава храна и шеќери, треба почесто да консумираме витамини и минерали, кои ќе придонесат во чистењето на нашата кожа и спречувањето на акните.

Особено храната богата со антиоксиданси ќе помогне во борбата против оштетувањето на слободните радикали кои го разложуваат колагенот, предизвикувајќи предвремени брчки.

3. Домашни природни третмани

Колку и да обожаваме да трошиме на козметички производи, понекогаш сè што ни е потребно нам и на нашата кожа е едноставен домашен третман со природни состојки. Од испукани усни до сува кожа, постојат многу природни состојки, кои се богати со антиоксиданси и анти-воспалителни својства, кои ќе ни помогнат во достигнувањето на посакуваната беспрекорност.

4. Отстранување на шминката

Колку и повеќето да ја обожаваме шминката, воедно треба и да признаеме, дека таа може да предизвика хаос на нашето лице. Затоа, супер важно е, по нејзиното носење т.е пред спиење, детално да ја отстраниме и притоа, потребно е редовно да водиме хигиена и за четките што ги користиме.

5. Да мислиме на организамот

Здравиот организам е клучот до здравата кожа. Затоа, исклучиво важно е да се храниме здраво. Здравата исхрана помага во отстранувањето на токсините од нашиот организам и го враќа сјајот на нашата кожа, со помош на минералите и витамините што влегуваат во нејзиниот состав.

6. Без стрес

Стресот може да има штетен ефект врз нашата кожа, па дури може да предизвика и предвремено стареење. Кога сме под стрес, нашиот мозок го ослободува хормонот кортизол, кој го блокира снабдувањето на организмот со кислород.

Медитацијата е одлична анти-стрес терапија, која не само му помага на нашиот организам, туку и на нашата кожа, правејќи ја сјајна и беспрекорна.

7. Да се активираме

Со редовното вежбање, не само што ќе изгледаме и ќе се чувствуваме здраво, туку тој позитивен ефект ќе го почувствува и нашата кожа. Вежбањето ја подобрува циркулацијата на крвта, која пак го поттикнува обновувањето на клетките и притоа му дозволува на телото само да ги отстрани штетните токсини.