Безброј пати сме биле сведоци како една фризура или промена на косата може драстично да го промени изгледот на една личност и да ја направи жената да изгледа како од реклама.

По бројните предлози и совети за фризури со подмладувачки ефект, денес ви откриваме кои 7 грешки во обликувањето на косата нè прават да изгледаме многу постаро.

1. Тенка и долга коса

Со текот на годините најдобро е да ја скратите вашата коса, бидејќи како старееме, така таа станува поретка и затоа нејзината текстура веќе не може да поднесе преголема должина. Кога косата е тенка и притоа, долга, така само дополнително ги откривате несовршеностите на вашето лице.

2. Голем волумен

Претераниот волумен може да изгледа како било што, освен да асоцира на млад и модерен изглед.

3. Премногу лак за коса

Косата која е обликувана во тенки кадрици и притоа е ставено премногу лак исто така нема да ве направи да изгледате помладо. Овој вид на фризури може да одговараат на повозрасните дами. Но, доколку сакате да изгледате младо, тогаш избегнувајте ги овој вид на фризури.

4. Косата соберена назад, на средината

Иако првиот впечаток за овој вид на фризура е дека изгледа елегантно и префинето, сепак ненамерно, може да додаде неколку години повеќе на вашиот изглед. Истата го открива челото, целосно истакнувајќи го лицето.

5. Совршено права коса

По 35-та година, светските фризери ги советуваат дамите целосно да ги исфрлат уредите за исправување на косата. Косата со текот на годините станува потенка и поранлива, па нема потреба овој несакан ефект дополнително да го зголемувате.

6. Премногу темна боја на коса

Темните тонови може да изгледаат гламурозно, но на соодветниот тен на лице. Колку повозрасни стануваме, толку помалку сјај има нашето лице, а премногу темната нијанса на коса само дополнително ќе ги истакне несовршеностите. Осветлувањето на косата е секогаш добра идеја за повозрасните дами.

7. Пунџа високо на врвот

Пунџите се повеќе наменети за помладите девојки, бидејќи кај повозрасните дами овој вид на фризура може да даде спротивен ефект. Подобра варијанта е пунџа обликувана на средината или долниот дел од главата.