Човечкото тело е чудесно. Не само што може да издржи огромна болка, само од себе да оздрави и да произведува милиони клетки секојдневно, исто така може да детектира кога личноста е во опасност.

Особено во опасност од преголем стрес.

Едно истражување покажало, дека скоро 80% од луѓето во Америка живеат под стрес, а слични резултати имале и испитаниците од други делови во светот.

Стресот може да се манифестира подеднакво преку физички и психички симптоми. А во продолжение откријте неколку начини на кои вашето тело можеби ви покажува дека се наоѓате пред голем стрес, многу поголем отколку што мислите:

1. Главоболката едноставно не исчезнува

Дали чувствувате силна во вашата глава во текот на целиот ден? Тоа може да биде главоболка настаната како резултат на стрес или мигрена.

Главоболките се чести симптоми кога телото се наоѓа во состојба на стрес, а за да се ослободите од нив, едноставно потребно е се обидете да живеете помалку стресно.

Истовремено доколку вашата главоболка е пропратена со температура, влошување т.е дуплирање на видот или од неодамна сте искусиле повреда на главата, потребно е веднаш да направите лекарски преглед.

2. Дигестивниот систем не функционира како што треба

Стомакот на личноста е можеби првото место на кое ќе се појават симптомите предизвикани од стрес или анксиозност.

Тоа се должи на причината што мозокот има директно влијание врз стомакот и цревата. Односно, кога личноста само и едноставно ќе помисли на храна, дигестивниот систем ќе ослободи киселини за да го подготви организамот за внес на храна.

Врската меѓу мозокот и стомакот е двонасочна улица која може да предизвика маѓепсан круг од ефекти предизвикани од стресот. Според научниците од Хардвард, вознемирените црева можат да испрат погрешна порака до мозокот, како што вознемирениот мозок може да испрати погрешна порака до цревата т.е до дигестивниот систем. За возврат, може да се ослободи вишок на стомачни киселини, кои ќе резултираат со чувство на непријатност, вртоглавица и подуеност.

3. Жедта е вистинска

Под стрес сте? Лекот и решението може лежат во чаша вода. Дехидрираноста може доведе до нарушени телесни функции, што пак може да доведе до појава на стрес.

Бројни истражувања дека состојбата на дехидрираност автоматски го зголемува нивото на кортизол, хормонот одговорен за стресот, односно хормонот кој негативно влијае на мускулите.

Кога не му го давате потребното количество течности на вашиот организам, тој преку стресот ви го возвраќа одговарот.

4. Вашиот распоред на спиење е непредвидлив (и постојано сонувате чудни соништа)

Стресот може да влијае деструктивно врз вашиот сон и распоредот на спиење. Преголемиот стрес може да резултира со лош и неквалитетен сон, што пак може да доведе до развој на психички и физички здравствени проблеми, што пак ќе доведе телото да биде под дополнителен стрес.

Хормонот одговорен за стресот т.е кортизолот може да му влијае на телото и да го држи будно, бидејќи го активира и умот, а кога умот е буден, буден е и организамот. Секојдневниот стрес може исто така да влијае да се соочите со сонување чудни соништа, во кои луѓето повторно сонуваат работи кои ги фрустрираат и исцрпуваат.

5. Се потите – премногу

Нормално е да се потите малку, особено ако сте под некаков притисок. Но, потта предизвикана од стресот е сосема друго ниво на потење.

Кога телото реагира на некоја емоција, како анксиозност, стрес, возбуда, тогаш пот се ослободува од апокрините жлезди. Во такви ситуации, жлездите произведуваат „помлечна пот“, составена од масни киселини и протеини. Апокрините жлезди се сконцентрирани под пазувите, препоните и скалпот.

Една добра вест од овој апспект е што потта предизвикана од стрес не се карактеризира со мирис, како вообичаената.

Воедно, како решение за овој проблем, експертите ја препорачуваат медитацијата или некоја слична терапија за опуштање, која ќе ви помогне да се ослободите или барем да го намалите нивото на стрес во вашиот живот.

6. Губењето коса може да стане реален проблем

Доколку забележувате дека губите повеќе коса од вообичаеното, по туширањето, тогаш вашето тело можеби ви кажува дека е/сте под стрес. Според експертите, постојат три типа на губиток на косата поради стрес: Телеген ефлувиум, алопеција ареата и трихотиломанија.

Првиот вид т.е телеген ефлувиум го прекинува процесот на раст на косата, односно животот на влакната се прекинува уште пред да започне.

Алопеција ареата се појавува кога телото е под неверојатно огромен стрес и настанува кога имунитетот ги напаѓа фоликулите на косата.

Трихотиломанијата настанува кога телото се наоѓа под толкав стрес, што создава чувство на неиздржливост и ја тера личноста да посака да си ги искубе сите влакна од телото.

Процесот на губење на косата не е траен, а истиот може да се реши со практикување на смирувачки и терапии за релаксирање.

7. Едноставно веќе не уживате во работите кои порано ви беа омилени

Еден од многуте емоционални симптоми на стрес е општото чувство на малаксаност. Доколку веќе не уживате да ги правите работите кои порано ве правеа среќни, како вежбањето, кафето со пријателите или едноставната прошетка низ парк, тоа може да биде индикатор дека не само што вашето тело е под стрес, туку и дека се наоѓате во состојба на депресија.

Бројни истражувања покажаа дека депресијата настанува како резултат на долг и хроничен стрес и кога личноста се соочува со ситуации при кои телото е изложено на висок стрес, тогаш тоа ги ослободува одговорните хормони за стресот, кои автоматски ја попречуваат личноста да ужива во секојдневните активности.

Доколку сметате дека се соочувате со некои од горенаведените симптоми, тогаш време е да побарате професионална помош. Споделувањето и отвореното зборување за проблемите, ќе ви помогне полесно да ги пребродите стресните ситуации, а со тоа и да го намалите или целосно отстраните стресот од вашот живот.