7-дневна диета со кисело млеко: „Ја обожавам, бидејќи после неа, секое парче од облеката ми е големо“
Која жена не сонува да се ослободи од вишокот килограми и тоа за само една недела? Токму вакви резултати гарантира следната диета со една од омилените домашни состојки- киселото млеко.
Ефикасното губење на тежина со помош на оваа диета не е никакво изненадување, бидејќи ферментираниот млечен произвид содржи минимални калории.
Истовремено е особено богат со протеини, кои се важни за зацврстувањето на мускулите, потоа во неговиот состав влегуваат многу корисни витамини и добри бактерии, кои се клучни за нормализирање на цревната микрофлора.
За таа цел, за денес ви подготвивме 7-дневно мени кое е верзија на т.н моно диета, а диета која ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати за кратко време, без притоа да мора да гладувате. Диетата ќе му овозможи на вашиот организам губење по 1 килограм дневно, а притоа ќе бидете во одлично расположение и полни со енергија.
Диета со кисело млеко и јајца
Киселото млеко е неопхона состојка за оваа диета, а втор основен елемент се јајцата. Тие се богати со протеини и микроелементи, кои ќе ве заситат на подолго време. Третата главна состојка во диетата е урдата. Покрај протеини, богата е калциум, фосфор и витамин Б12.
7-дневен план
Понеделник
Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 кантичка кисело млеко со 2.5% масленост
Ручек: 1 кантичка кисело млеко, 200 гр пилешки стек на скара или печен
Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко, 1 портокал
Вторник
Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 кантичка кисело млеко
Ручек: 200 гр бела риба, печена или варена, 1 грејпфрут
Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко
Среда
Појадок: Омлет од 2 јајца со зеленчуци и 1 кантичка кисело млеко
Ручек: 200 гр овесни снегулки со кисело млеко и 3 ореви
Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко
Четврток
Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 кантичка кисело млеко
Ручек: 1 кантичка кисело млеко, 200 гр пилешки стек
Вечера: 200 гр урда со зеленчуци, половина чешне лук и 1 краставица
Петок
Појадок: 2 варени јајца, 150 гр салата од моркови, приготвена со масло и семки од сончоглед
Ручек: 200 гр варено или печено телешко месо и 1 портокал
Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко
Сабота
Појадок: Омлет од 2 јајца со зеленчуци и 1 кантичка кисело млеко
Ручек: 200 гр бела риба, печена или варена, 1 грејпфрут
Вечера: 200 гр урда со зеленчуци, половина чешне лук и 1 краставица
Недела
Појадок: 2 портокала, 2 варени јајца, 1 кантичка кисело млеко
Ручек: 200 гр овесни снегулки со кисело млеко и 3 ореви
Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко
https://www.nane.mk/7-dnevna-dieta-so-kiselo-mleko-ja-obozhavam-bidejki-posle-nea-sekoe-parche-od-oblekata-mi-e-golemo/https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2019/07/2-1420.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2019/07/2-1420-400x214.jpgДиетиКоја жена не сонува да се ослободи од вишокот килограми и тоа за само една недела? Токму вакви резултати гарантира следната диета со една од омилените домашни состојки- киселото млеко. Ефикасното губење на тежина со помош на оваа диета не е никакво изненадување, бидејќи ферментираниот млечен произвид содржи минимални калории. Истовремено...Нане.мкНане.мк eleonora@nane.mkAuthorНане.мк
Dobar den jas od denec pocnav za toa prasuvam izmegu obrocite ako osetis glad dali moze nesto da se zeme
kojku deno vi moze da se drze