Семињата имаат голем број на бенефиции за организмот. Тие се натоварени со хранливи материи, поради што семето се смета за вистинска суперхрана.

Кои се најкорисните семиња?

Чиа

Чиата е своевидна бомба од корисни елементи. Таа е исклучително богата со омега-3 масни киселини, магнезиум, калциум, фолати, железо, влакна. Сите тие го поддржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем, коските, мозокот, го намалуваат холестеролот, триглицеридите и го прочистуваат организмот од вишокот на масти.
Чиата има својство да го нормализира нивото на шеќерот во крвта, поради што помага во контролата и превенцијата на дијабетес.

Пченични никулци

Пченични никулци се преполни со протеини, железо, витамин Б, фолна киселина. Тие ја регулираат перисталтиката на цревата, го намалуваат апетитот и оставаат чувство за долготрајна ситост. Освен тоа го намалуваат нивото на шеќерот во крвта.

Семе од коноп

Семето од коноп е прекрасен извор на протеини, омега-3 и омега-6 масни киселини. Богато со фитостероли, растителни соединенија кои помагаат за намалување на холестеролот.

Семки од тиква

Семките од тиква се неверојатно богати со витамини од групата Б, железо, магнезиум, цинк, протеини и аминокиселини. Потрошувачката на семките од тиква помага за отстранување на стресот, смирување на нервниот систем, мускулните грчеви, совладување на анемијата.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед имаат многу придобивки за организмот. Богати се со витамин Б, фолна киселина, витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, ги штити клетките од оштетување. Во нив има корисни протеини и здрави масти.

Ленено семе

Лененото семе е прекрасен извор на протеини, растворливи влакна. Помага за намалување на холестеролот и го подобрува варењето. Лененото семе е едно од најбогатите со омега-3 масни киселини, кои имаат бенефиции за срцето, мозокот, крвните садови. Во лененото семе се содржат супстанции наречени лигнани. Тие претставуваат растителни естрогени, кои помагаат во спречувањето на некои видови рак.