Земајќи ги во предвид хормонските промени кои настануваат по 45-та година, телото на жените целосно се менува. Производството на естроген од кој зависи женската фигура значително се намалува.

Со цел да ја одржат својата фигура и лесно да го решат проблемот со вишокот килограми, дамите треба да се воздржат од експериментирање со диети, бидејќи во спротивно може да предизвикаат појата на бројни несакани последици.

Наместо тоа, потребно е да ги практикуваат следните најдобри едноставни совети:

Најдобрите совети за слабеење за дамите над 45 години

1. Ден за прочистување на организамот

Заборавете на ригорозните диети и уште повеќе, на гладувањето. Наместо тоа, одделете еден ден од неделата кој ќе биде наменет за прочистување на вашиот организам. За таа цел сварете половина килограм ориз во солена вода и консумирајте го истиот со суво грозје и суви кајсии. Овој метод ќе го зајакне и вашето кардиоваскуларно здравје.

2. Избор на храна за појадок и ручек

За таа цел, вашето дневно мени треба да биде исполнето со разни видови на супи. Покрај тоа, слободно насладувајте се на доматите, тиквичките и јаболката, кои ќе ви помогнат да го намалите нивото на холестеролот и да се ослободите од вишокот течности во вашиот организам. Благодарение на овој метод се намалува ризикот од појава на заболувања поврзани со возраста како дијабетес, атеросклероза и висок крвен притисок.

Воедно, поретко консумирајте компири.

3. Почесто консумирајте чиста вода

Portrait of young beautiful dark-haired woman wearing blue t-shirt drinking water at summer green park.

Стекнете навика почесто да консумирате чиста вода. Потребното дневно минимално количество е 1,5 литри.

Исто така, заменете го црниот чај со зелен.

4. Избегнувајте ги стресните ситуации

Настапувањето на менопаузата често доведува до драстични промени во расположението. Научете како да ги контролирате вашите емоции, без да барате утеха во храната. Наместо тоа, релаксирајте се со други омилени активности.

5. Внимавајте со консумирањето на масти

Не мора целосно да ги исфрлите мастите од вашето дневно мени, но потребно е да ја ограничите нивната консумација. Најчестата грешка е целосното лишување од масти, кои сепак во мало количество му се потребни на вашиот организам, бидејќи истите ја навлажнуваат кожата, што е од голема важност за таа возраст.

Умерено употребувајте ја и солта и вклучете нискокалорични млечни производи во вашата секојдневна исхрана.

6. Не ја заборавајте физичката активност

Не е потребно да го преоптеретувате вашето тело со прекумерена физичка активност, но исто така не е во ред истата целосно да ја занемарувате. Пробајте со брзо пешачење, односно по 45 минути брзо одење секој ден.