Добриот парфем ја исполнува истата функција како и убавата облека. Истиот ја прави една дама привлечна, шармантна и интересна. Затоа, важно е да научите како правилно да изберете оригинален, наместо лажен парфем.

На овој начин, мирисот ќе биде долготраен и впечатлив, а вашите пари нема да бидат залудно потрошени.

Како да го разликувате лажниот парфем?

Како да утврдите дали парфемот кој ќе го купите е навистина оригинален? Како да го разликувате лажниот од вистинскиот парфем?

1. Опаковка

Обратете внимание на самата опаковка. Вообичаено е покриена со целофан.

Брендираниот парфем се одликува со квалитетна обвивка која ја покрива кутијата на парфемот совршено, без нерамномерности или делови со подуеност. Самите линии на рабовите на целофанот не се извиткани или пак нерамномерни.

Произведувачите на лажните парфеми не се интересираат за овој детаљ, бидејќи значи повеќе трошоци.

2. Кутија

Surprised woman looking at perfumes

Следно обратете внимание на кутијата на парфемот. Брендираните компании никогаш нема да ги завиткуваат своите производи во неквалитетни или тврди кутии. Хартијата треба да биде бела и дебела, а внатре, кутијата треба да биде дизајнирана така што ќе ја одржува стабилноста на парфемот и ќе го заштити од можни повреди.

Лажниот парфем најчесто е завиткан во кутија со сива внатрешност, бидејќи сивата хартија е поевтина.

3. Дизајнот на шишето

Beautiful young woman with bottle of perfume at home, closeup

Разгледајте го дизајнот на шишето. Произведувачите на лажни парфеми го копираат дизајнот на оригиналните, притоа благо го изменуваат истиот, за да избегнат правна одговорност. Ова е најчесто застапената манипулација со парфемите.

Дизајнот лесно може да го споредите со проверување на тоа како изгледа дизајнот на оригиналниот парфем, преку официјалните Интернет страници на брендовите.

4. Сериски број

Бидете повнимателни и проверете го и серискиот број на пакувањето. Истиот треба да биде нанесен врз шишето, да не е залепен и да е отпечатен и на пакувањето, притоа и да се совпаѓа. Доколку не се совпаѓаат сериските броеви на шишето и пакувањето, тогаш парфемот е лажен.

5. Боја на парфемот

Погледнете ја подобро бојата на парфемот. Произведувачите на оригинални парфеми ретко целосно употребуваат боја. Впечатлива жолта, сина и розова течност се индикатор дека парфемот најверојатно не е оргинален. Оригиналниот парфем најчесто е речиси проѕирен.

6. Трајност на парфемот

Пред да го купите, нанесете го парфемот на лист хартија, не на вашата кожа. Доколку не почувствувате присуство на алкохолни ноти, тогаш нанесете го парфемот на вашата кожа и излезете од продавницата, поминувајќи цел ден со парфемот на вашата кожа. На овој начин ќе утврдите колку истиот е навистина траен.