Ви се случило ли некогаш да држите диета и целосно да внимавате на исхраната, односно да внесувате минимални количини, а сепак вагата како да застанала и бројките не се движат ниту нагоре ниту надолу?

Можеби никогаш не сте помисиле, но една од причините за оваа појава, може да бидат некои навики, кои сите ние ги имаме. Поконкретно утрински навики, кои се вистински непријател и нè спречуваат да се ослободиме од вишокот килограми.

Еве за кои 6 основни утрински, а штетни навики станува збор:

1. Пиете премногу кафе, а премалку вода

Како го започнувате денот? Најверојатно со голема шолја кафе. Според експертите за правилна исхрана, всушност на нашето тело по будењето му е потребно повеќе вода, отколку кафе. По бројните процеси, телото во текот на ноќта дехидрира и следното утро треба да ја надополниме хидратацијата.

Истовремено, водата ни помага да го раздвижиме и забрзаме метаболизамот, притоа истата ефикасно ги елиминира токсините од цревата и ќе го намали ризикот од појава на опстипација.

2. Неправилен појадок

 

Кои видови на храна се вклучени во вашиот појадок? Кифли, јадења кои вклучуваат премногу тесто, сендвичи, житарици? Сите овие видови на храна содржат големо количество на сол, шеќер, трансмасти кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Високото ниво на шеќер во крвта пак, може да доведе до зголемување на инсулинот, да го наруши вашиот апетит, што пак ќе ве поттикне во текот на целиот ден да се храните нездраво и во големи порции.

3. Недостаток од сончева светлина

Дали сте знаеле дека недостатокот од сончева светлина на телото може да придонесе за зголемување на неговата тежина? Бројни истражувања покажуваат дека сончевите зраци во утринските часови му ја даваат на телото потребната енергија и ја зголемуваат активноста на метаболизамот.

Според експертите, луѓето кои почесто изглегуваат т.е го изложуваат телото на умерено количество сончеви зраци, имаат помала телесна тежина, отколку луѓето кои ја немаат оваа навика.

Ова е добра причина зошто секое утро да излезете на балкон 10-15 минути и да ги примите потребните сончеви зраци.

4. Нискокалоричен појадок

Една од најлошите навики кои негативно може да влијае врз телесната тежина е појадок со малку калории. Идеалниот појадок треба да содржи меѓу 500 до 600 калории и да вклучува хранливи вредности како јаглехидрати, протеини, антиоксиданти, здрави масти, витамини и минерали. Сите тие вредности ќе ви помогнат побрзо да се ослободите од вишокот килограми.

5. Појадувате многу доцна

 

Доцното појадување исто така може да придонесе за зголемување на телесната тежина, бидејќи на телото му е потребно порано да се внесат хранливите материи, бидејќи му недостасува енергија за да може да функционира, а со тоа и да работи самиот метаболизам.

6. Не консумирате протеини

Појадокот со висока застапеноста на протеини ќе ви помогне да биде подолго време сити, односно со протеински појадок нема да се чувствувате гладни до самиот ручек.

Според истражувањата, консумирањето протеини е директно поврзано со помалото акумулирање на мастите. Токму од оваа причина, потребно е во вашиот појадок да вклучите производи како јајца, урда, сирење, млеко, чисто месо, но истовремено избегнувајте да ги консумирате истите во пржена форма.