Нетолеранцијата на глутен е состојба при која организамот реагира лошо по консумирањето на глутен- протеин кој влегува во составот на пченицата, јачменот и ‘ржта.

Симптомите кои укажуваат дека човек е нетолерантен на глутен варираат во широк размер и може да вклучат дигестивни проблеми, болки во зглобовите, замор, па дури и депресија.

Целијакија е сериозен вид на нетолеранција на глутен. Истата се класифицира како автоимунолошко заболување и притоа предизвикува повреда на цревата, што во крајна сметка значително ја намалува способноста на дигестивниот систем правило да ги апсорбира хранливите материи.

6 чести симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

1. Зашеметеност на мозокот

Еден од најсилните симптоми на нетолеранција на глутен е појавата на зашеметеност при мозокот. Истата може да биде предизвикана од бројни фактори, но кога станува збор за нетолеранцијата на глутен, се смета за најчест симптом.

2. Неочекувано и ненадејно зголемување на телесната тежина

Неочекуваното и необјасниво зголемување на телесната тежина може да укажува на тоа дека личноста е нетолерантна на глутен. Тоа се должи на две работи: Цревната пропустливост или несакан ефект од глутенската нетолеранција и воспаление на организамот, кое исто така се должи на глутенот.

3. Абнормална функција на имунолошкиот систем

IgA антителата, при луѓето кои се чувствителни на глутен, имаат спротивен ефект врз имунолошкиот систем. Сместени главно во дигестивниот тракт, овие антитела го штитат организамот од настинки, грип и други заболувања. Но, кога истите ќе реагираат против организамот, тогаш се зголемуваат шансите за нашето разболување.

4. Проблеми со забите

Разни истражувања ја откриваат директната поврзаност на чувствителноста на глутен со афтозен стоматит- заболување на усната празнина кое се карактеризира со појава на гнојни јазли. Покрај тоа, луѓето кои се нетолерантни на глутен често имаат и многу ниско ниво на калциум, кој пак, е клучен за здравјето на забите.

5. Главоболка и/или мигрена

Мигрените се често неподносливи главоболки, кои навистина може да бидат исцрпувачки. Колку и да звучи изненадувачки, мигрените се многу почести кај луѓето кои се нетолерантни на глутен, отколку кај останатите.

6. Болка во зглобовите и мускулите

Воспалителните влијанија исто така се поврзани со нетолеранцијата на глутен и тоа е основната причина за појава на болки во зглобовите и мускулите.