Дебелото црево е еден од најважните органи во човечкото тело, тоа е долго околку метар и половина, а според статистиките, во истото може да бидат наталожени меѓу 2 до 15 килограми остатоци од храна.

Токму затоа, од голема важност е истото редовно и темелно да го прочистуваме, за да можат сите токсини да се исфрлат од телото и организамот да функционира правилно.

За таа цел, денес ви откриваме 6 ефикасни и безопасни методи како да ги исфрлиме сите наталожени отрови од дебелото црево и да го одржиме неговото здравје:

1. Додадете витамин Ц во вашето дневно мени

Витаминот Ц, кој се наоѓа во многу овошје и зеленчуци, може ефикасно да ви помогне во прочистувањето на дебелото црево. Претпочитајте да консумирате природни сокови од брокула, јагоди и лимон за доброто здравје на вашето дебело црево.

2. Примајте пробиотици

Истражувањата покажуваат дека пробиотиците може да помогнат во спречување и евентуално лекување на рак на дебелото црево. Овие добри бактерии го спречуваат воспалението и ја подобруваат конзистентноста на изметот- две клучни работи кои се поврзани со дигестијата и здравјето на дебелото црево. Се препорачува повеќе да консумирате кисело млеко, јаболков оцет, кимчи и одредени видови на сирење.

3. Пијте повеќе вода, за да ја регулирате дигестијата

Недоволниот внес на течности во организамот е честа причина за појава на опстипација. Затоа пиењето 1.5 до 2 литри вода дневно ќе ви помогне да го решите тој проблем. Други начин на кој можете да внесете повеќе течности, е преку консумирањето на повеќе водени овошја и зеленчуци.

4. Консумирајте храна со поголема застапеност на хранливи влакна

Бројни истражувања ја откриваат директната поврзаност на високиот внес на хранливи влакна со намалениот ризик од појава на рак на дебелото црево. Покрај тоа, овие видови на храна ги хранат добрите бактерии во организамот, кои ја подобруваат дигестијата и ја спречуваат појавата на разни дигестивни заболувања.

5. Пијте билни чаеви

Експертите откриваат дека билните чаеви се уште еден одличен начин на прочистување на дебелото црево. Истите, како и храната со висок процент на хранливи влакна, го намалуваат ризикот за појава на рак на дебелото црево.

6. Солена вода

Солената вода ефикасно го прочистува дебелото црево, а исто така добро би било да практикувате и одредени јога пози за оваа цел.

Секое утро, пред вашиот оброк, измешајте 2 кафени лажици морска или хималајска сол во чаша ладна вода. Практикувајте го истиот третман и пред спиење.